11:32 - 31 март, 2026

„Никој не ми приоѓа, одбивна сум“: Рада Манојловиќ брутално искрена дека има проблем со мажите

Рада Манојловиќ

Уште од емотивната разделба на српската пејачка Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ, се појавија различни шпекулации во српските медиуми за емотивниот живот на пејачката, но јавноста не дозна дали некој нов го освоил срцето на фолк ѕвездата.

Сега, Рада реши да си ја отвори душата во интервју за „Гранд’ и отворено да зборува за својот емотивен статус.

– Не знам дали се плашат, но никој не ми приоѓа (се смее). Никој не ми приоѓа затоа што сум прилично одбивна, само се смешкам пред вас и пред камерите. Вака сум многу недостапна и незаинтересирана. Навистина сум само насмеана и фина пред новинарите и седмата сила, додека во живо не го давам тоа чувство и онаа вибрација дека некој може да ми пријде и да ме „запали“. Не ме интересира и некако се гледа, мислам на два метра околу мене (се смее) – изјави Рада.

Пејачката е сосема сигурна дека сè ќе си дојде на свое место и дека ќе ја најде својата сродна душа, според овогодинашното предвидување на Марина Туцаковиќ.

– Сигурно ќе се отворам само на оној кого јас го бендисувам, демек. Овие другите некако наидуваат на ова студенило од мене – додаде пејачката.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....