4.8 C
Скопје
18:13 - 18 декември, 2024

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Се подготвувате да го прославите Велигден? Секако, но не заборавајте да си одберете и некое добро филмче, а ние ви носиме водич на остварувања со христијанска и велигденска тематика кои вредат внимание.

Во нашиот празничен филмски избор секој може да најде филм кој ќе го воодушеви, а секоја од овие приказни ќе ве натера да размислувате за најважните работи – за хуманоста, за добрината, за тоа како да не ја изгубите човечноста во себе и како да ја сочувате вербата во чудо.

Стари добри класици

Почнуваме од 1953 година, од „Наметка“, еден од најстарите религиозни филмови. Филмаџиите нè водат во Антички Рим, прикажувајќи го животот на различни класи, од императорот до обесправените робови. Настаните се случуваат за време на Цветници, непосредно пред заробувањето и распнувањето на Исус.

 

Филмот „Десетте заповеди“ од 1956 година на американскиот режисер Сесил Демил се смета за еден од најдобрите филмови на библиската епопеја – успеа вешто да го спои величествениот спектакл со наративот. Режисерот ги искористи техничките иновации од тоа време, но не ги турна сценариото и заплетот во втор план, создавајќи на тој начин религиозен, величествен филмски еп. Филмот беше номиниран за седум Оскари во 1957 и освои Оскар за најдобри визуелни ефекти. Приказната нè води низ животот на Мојсеј (Чарлтон Хестон) и неговата одлука да ја напушти удобноста на египетската палата додека го открива својот вистински идентитет и ја исполнува својата должност да го води еврејскиот народ до слобода.

 

Во 1959 година излегува филмот „Бен Хур“ чиј заплет е тесно поврзан со Велигден, приказна за најдлабоката вера и посветеност на идеалите, дури и кога најблиските можат да платат за вашите верувања со слобода и живот. Бен Хур помина низ тежок пат од неверување до вера и лично се сретна со Христос. Ова е филм за благородноста на духот.

Преработка на филмот со исто име излезе во 2016 година, помодерна веризија на истата тема.

По „Кралот на кралевите“ од 1961 година, необичен филм со послободна интерпретација на библиските приказни, доаѓа филмот „Најголемата раскажана приказна“ (1965) кој одлично го доловува духот на оригиналната библиска приказна.

Помодерни христијански верзии

Во 1973. публиката ја воодушевува филмот „Исус Христос – суперѕвезда“, кој се издвојува од сите приказни за животот на Христос. Епската рок опера е создадена врз основа на светски познатиот мјузикл од Бродвеј. Во филмот може да се ужива и во прекрасната музика на Ендрју Лојд Вебер. Заплетот раскажува за последната недела на Христос пред распнувањето.

 

Четири години подоцна излегува „Исус од Назарет“ кој се закити со престижни награди и позитивни критики. Пленува брилијантниот актерски талент на Роберт Пауел. И покрај фактот што помина речиси половина век од создавањето на серијата, оваа приказна останува една од најпопуларните филмски приказни за Христос. Сепак, не препорачуваме да го гледате во друштво на мали деца – некои сцени може да ги шокираат.

 

Контроверзни според „вкусот“ на Црквата

„Последното Христово искушение“ (1988) е едно од најпознатите дела на Мартин Скорсезе. Филмот ја воодушеви публиката, но претставници на Црквата реагираа и го критикуваа филмот дотолку што свештенството организираше бојкоти, нарекувајќи го филмот ерес. Приказната е необично духовна и филозофска, го покажува духовното страдање на Месијата, кој беше принуден да го носи неговиот тежок крст – во секоја смисла на зборот.

 

Во 1999 година уште еден филм ја налути Црквата – библиската драма „Исус, бог и човек“ која ги допира темите на четирите евангелија и ја раскажува приказната за животот на Исус. За разлика од многу други приказни за Спасителот, креаторите на филмот се обидоа да го покажат не само божествениот принцип на Христос, туку и човечкот. Драмата се осмелува да допре и до прашања што претставниците на Црквата имаат тенденција да ги избегнуваат. На пример, за тоа дали христијаните имаат право да организираат крстоносни војни, покривајќи ги своите себични цели со името Христово.

Прочуениот филм на Мел Гибсон „Страдание“ (2004) веднаш ја освои публиката. Личниот став на Гибсон јасно се гледа во самиот филм, а според некои критичари режисерот претерал со крвавите сцени, па затоа подобро е да не го гледате во друштво на деца. Без оглед на личните ставови за религијата, филмот вреди да се гледа, бидејќи овозможува да ја разберете суштината на жртвувањето и важноста на самодавање во корист на другите.

 

Од друг поглед

Истата година излезе и филмот „Јуда“, извонредната италијанска драма ни го прикажува ликот на Јуда Искариот, демонстрирајќи ги неговите мотиви на нов начин. Ако, според официјалната верзија, Јуда бил кукавица и предавник, тогаш според сценаристите на овој филм, тој го жртвувал Христос не заради триесет сребреници, туку заради спас на својот народ.

Не го пропуштајте „Божествено раѓање“, фасцинантна психолошка драма фокусирана на сложениот однос помеѓу Марија и нејзиниот сопруг Јосиф. Токму Јосиф (неправедно лишен од почестите на христијаните) имал тешка судбина – да се грижи за својата сопруга и синот, кој не бил роден од него. Се разбира, бестелесното зачнување на Марија предизвикало сомнежи во душата на сопругот. Но, тој – како благороден човек – го посветил својот живот на поддршка на Марија и Христос.

Нов филм за Јуда, насловен „Јуда“ доаѓа во 2013. Извонредниот руски филм е посветен на најосудената личност во Новиот завет – Јуда, кој го предал Исус Христос. Креаторите на филмот одлучија да ја проучат раширената верзија дека всушност Јуда бил најпосветениот апостол на Спасителот. Оваа теорија вели дека Јуда Искариот никогаш не го предал својот учител, туку само совесно го исполнил пророштвото заради највисоката цел – Христовата смрт во име на искупувањето на човечките гревови.

Три остварувања во иста година

Неверојатно е што три филма со библиска тематика беа објавени во иста година, 2014, и сите привлекоа внимание, но и критики поради комерцијализација на библиските приказни. Холивудскиот филм „Ное“ е полн со специјални ефекти, не толку филозофски колку што е спектакуларен, но стана толку популарен што дури се најде на листата на најдобри христијански филмови.

„Егзодус: Богови и кралеви“ во режија на Ридли Скот и инспириран од книгата „Егзодус“. Ја следи приказната на двајца добри пријатели од детството, Мојсеј Евреинот и египетскиот фараон Рамзес кои стануваат непријатели кога вториот ќе го открие вистинското потекло на првиот. Кога ги презема уздите на владеењето во свои раце, Рамзес Втори го протерува Мојсеј кој пак, наскоро ќе биде избран од Бога да донесе 600.000 робови од Египет во Ветената земја. Филмот не додава ништо ново во наративот на она што веќе го знаеме и сме го виделе, но собра пофалби благодарение на амбициозните снимки и ефектите.

Третиот филм од 2014 година, „Божјиот син“ на Кристофер Спенсер, се прилагоди на големото платно по успешната мини-серија „Библија“. Филмот се осврнува на целиот живот на Исус, од неговото раѓање и неговото учење до распнувањето и воскресението. Сепак, не доби толку голема реакција од религиозните групи како што беше случај со претходните филмови, токму затоа што следеше потрадиционален стил на раскажување и покласично снимање на приказната.

Женски ликови

Трогателната драма „Марија Магдалена“ од 2018 година, не е за пропуштање. Ја расветлува животната приказна на еден извонреден лик – Марија Магдалена, жена која повторно тргна по патот на доблеста.

 

Дефинитивно потценет како велигденски филм е американски филм „Чоколада“ од 2000 година, заснован на истоимениот роман на Џоен Харис, а режиран од Ласе Халстрем. Дуото мајка и ќерка се преселуваат во мало село во Франција и го отвораат чоколадниот бар кој изобилува од прекрасни вкусови и миризби преку слатките што ги нуди. Се разбира, со толку многу локални жители кои се откажуваат од чоколадото поради постот во пресрет на Велигден, жените создаваат прилично големо искушение – како да се одолее на неодоливата привлечност.

 

Во друштво на децата

Аниманираниот филм од 1998 година „Принцот на Египет“ е совршен за викенд со децата со библиски фокус. Ја раскажува приказната на Мојсеј и ја содржи хит песната „Кога веруваш“ која освои Оскар за најдобра оригинална песна.

Не ја пропуштајте авантуристичката комедија за целото семејство „Кучето што го спаси Велигден“ (2014), чиј заплет е тесно поврзан со Велигден, а главен јунак е преслаткиот четвороножен херој Зевс.

Подолг, но незаборавен, е филмот „Колиба“ (2017) во чија фантастична содржина може да уживате и со децата и со тинејџерите, а нежната приказна без разлика на возраста учи на тоа што никогаш не треба да се заборави – искажувањето љубов и правењето добрина.

И така, не заборавјте да искажете љубов и да направите добрини за велигденските празници. Секако, и по нив.

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....