08:57 - 13 ноември, 2026

„Не одев на училиште бидејќи мајка ми се соблекуваше пред камерите“: Ќерката на легендарната српска актерка ја променила професијата

Анита Лазиќ, ќерка на легендарната српска актерка Снежана Савиќ и режисерот Драгослав Лазиќ, се испроба во актерството, па глумеше во сериите „Селани“ и „Ѕвездара“.

Анита Лазиќ дипломирала на Факултетот за политички науки, а очигледно е дека убавината ја наследила од мајка си.

Сепак, нивниот идиличен однос еднаш бил доведен во прашање, кога Анита била тинејџерка, а Снежана била на самиот врв на кариерата и популарноста.

– Многу ми пречеше тоа што мајка ми се соблекуваше пред камерите, па поради тоа често не можев да одам на училиште – истакнала Анита во едно гостување.

Анита му се вратила на новинарството и сега е уредничка на едно списание.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anita Lazic (@anitalazic)


Инаку, поранешниот сопруг на Снежана Савиќ, режисерот Драгослав Лазиќ (86), со кој ја има ќерката Анита, на 76 години стана татко на близнаци.

Драгослав се ожени со 32 години помладата актерка Драгана Туркаљ и со неа на 76 години ги доби близнаците, ќерката Искра и синот Лазар.

Да потсетиме, Снежана Савиќ во една прилика откри што мисли за естетските зафати.

– Најстрашно е тоа кога убава жена не знае кога треба да остари, туку секогаш флертува и заведува. Од тоа секогаш се плашев и се прашував да не бидам таква… Некако секогаш ме гледаа низ мојата убавина. Сега сум стара жена – истакнала неодамна Снежана Савиќ за „Блиц“.

– Убаво е човек да е убав, но не е суштината во тоа. Можеш да бидеш убав два-три дена и ако немаш што да понудиш, тоа не оди. Сега убавината е издигната на пиедестал, како што и идеалот за убавина е поинаков. Полна уста, голем задник, подигнати гради, но и тоа е убаво. Уште ако постои нешто внатре и тоа е убаво. Денес стандардите се различни. Низ времето, идеалите за убавина се променија. Сега разбирам дека девојките кои го прават тоа се убави. Ние мора да го прифатиме тоа, ги разбирам дури и мажите на кои им се допаѓа тоа. Сакаат нивната жена да изгледа добро и ѝ плаќаат за она што им одговара: гради или задник. За сето тоа е потребно време и јас го прифаќам тоа и не сакам да бидам старомодна баба. Сакам природно, но прифаќам различни идеали за убавина. Убавината е во окото на гледачот – додала по тој повод актерката која наскоро ќе наполни 71 година.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....