20.8 C
Скопје
17:01 - 12 април, 2026

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Организацијата Мис Универзум објави појаснување откако актуелната мисица Фатима Бош се најде на мета на критики поради советот што неодамна им го даде на потенцијалните натпреварувачки. Бош минатиот месец на форум за жени во Ел Салвадор изјави дека „не би му препорачала на никого да се пријави на избор за убавина“, што предизвика бројни реакции. Во изјава за People, портпаролот на организацијата порача дека нејзините зборови се подложни на различни толкувања.

Што точно кажа Бош?

Зборувајќи кон крајот на март на форумот „Жени кои трансформираат“ во Санта Текла, Ел Салвадор, 25-годишната Бош добила прашање од публиката каков совет би им дала на жените кои размислуваат да влезат во светот на изборите за убавина. Мексиканката, која беше крунисана за Мис Универзум на 21 ноември минатата година, дала неочекуван одговор.

Инстаграм

„Искрено, не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“, рекла Бош. Таа потоа нагласила дека влијанието на круната зависи од личноста што ја носи. „Ако имате важен проект, нешто на што сакате да му дадете видливост, и оваа платформа ја гледате како алатка за постигнување на таа цел, тогаш повелете“, порачала таа.

„Да бидам искрена, и верувам дека Бог ме постави овде, сигурно не го избрав влегувањето во натпреварот во традиционална смисла“, продолжила таа. Наместо едноставно да го поттикнува учеството, Бош им советувала на оние што сакаат да се обидат во светот на изборите за убавина прво да работат на проект за кој веруваат дека може да остави траен ефект.

„За мене беше многу тешко по победата, главно затоа што овие избори не се навикнати на ‘вистинска’ жена: жена која не одговара на точните мерки што ги бараат или жена која навистина има сопствен глас“, рекла таа, нарекувајќи го искуството на носење на титулата Мис Универзум „застрашувачко“.

Реакција на организацијата

Осврнувајќи се на нејзините коментари, Мигел Анхел Мартинез, портпарол на организацијата Мис Универзум, во изјава за People рече: „Неодамнешните изјави на Фатима се подложни на различни толкувања на различни платформи.“

„Таа појаснува дека нејзината намера не била да обесхрабри учество во избори за убавина или да ја доведе во прашање нивната вредност, туку да нагласи дека тоа е еден од многуте патишта што им стојат на жените за да го изразат својот глас, цел и амбиции“, се наведува во изјавата. „Повеќе од седум децении Мис Универзум служи како глобална платформа која ги поддржува и унапредува жените во различни области.“

Претходни контроверзии

Патот на Фатима Бош до круната бил обележан со неколку контроверзии, а најзначајната била конфликтот со извршниот директор на изборот Наварат Итсарагрисил за време на настан пред натпреварот во Тајланд.

На почетокот на ноември минатата година, Итсарагрисил за време на пренос во живо разговарал со натпреварувачките за неговите очекувања да „ја промовираат земјата домаќин“, при што конкретно ја прозвал Бош поради наводно одбивање да учествува во фотосесија. Бош станала за да ги демантира тие тврдења.

Кога ја прашал зошто сè уште стои, мисицата одговорила: „Затоа што имам глас“, додавајќи: „Не ме почитувате како жена“. Итсарагрисил повикал обезбедување, по што Бош ја напуштила просторијата, а зад неа заминале и неколку други натпреварувачки.

Итсарагрисил подоцна се извинил за расправијата во видео објавено на неговиот Инстаграм. Обраќајќи им се на натпреварувачките, рекол: „Ако некој не се чувствувал добро, ако некој не се чувствувал пријатно, ако некој бил погоден – им се извинувам на сите.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fatima Bosch (@fatimaboschfdz)

Слични објави

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо
Се вчитува....