7.8 C
Скопје
00:02 - 31 март, 2026

Нападната тетката на Јелена Карлеуша! Данијела вознемирена: Удираше по автомобилот и ме пцуеше!

Тетката на Јелена Карлеуша, Данијела Дмитровиќ, тврди дека била нападната пред два дена во Белград.

Деталите за инцидентот ги споделила на својот Фејсбук профил, а нејзината објава ја пренесуваме во целост:

– Па, што да ви кажам освен браво, дволичен џган! Денеска ме нападна таксист. Се залета и се обиде да ја отвори вратата од автомобилот, а потоа цело време пцуејќи ми ја клоцаше мојата кола. Да не пристапеа двајца од обезбедувањето на клиниката каде работам, тој немаше да се тргне. Дури тогаш херојот се тргна. Се јавуваш во такси здружението, појма немаат… Викаш полиција, да сум дошла да дадам изјава… Искрено ви посакувам сите што ја отворивте сезоната на насилство по улиците, секој ден да бидете вака нападнати, кој и да стигне. Ловот започна. Баравте, сега ќе го живеете. Донесовте насилство на нашите улици и истото ви го посакувам од срце. На мајка ви, сопругата, ќерката, а потоа и на другите членови на семејството – напишала тетката на Карлеуша, која работи како медицинска сестра.

Да потсетиме, Јелена често зборуваше за својата тетка, која ѝ е како втора мајка.

– Данијела, сестрата на мајка ми, мојата најголема пријателка и поддржувач, најжестоката поддржувачка, мојата крв, жената со која пораснав, жената која го трошеше секој динар на мене како девојче, која учеше со мене како што сега учи со Атина и Ника, која одеше на родителски средби и ги криеше моите неоправдани часови, жената со која првпат излегов во град без Дивна да знае. Заедно поминавме низ многу, многу тешки моменти во животот, но животот не ја промени, секогаш остана истата Данче, весела и искрена како дете, насмеана, светла, нерасипана… До последен момент беше со мајка ми… Ја заслужуваш сета среќа на светот, Данче моја… – напиша во една прилика Карлеуша.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....