1.8 C
Скопје
07:46 - 22 ноември, 2024

Најдобрите и најлошите комбинации на мајки и ќерки според хороскопот

Ретко кој семеен однос е толку интензивен колку што е помеѓу мајка и ќерка. Може да биде со голема љубов, но и со бројни караници.
Констелацијата на хороскопските знаци игра важна улога. Како и кај љубовните, така и во врските меѓу мајките и ќерките има парови кои одлично функционираат заедно, но и оние кои имаат проблеми скоро секојдневно.

Лав и Водолија

Мајката Лав е роден водач. Таа ќе седи во родителскиот совет и ќе се бори за правата на своето дете. Меѓутоа, може да биде и многу забавна. Затоа не би чудело ќерката Водолија на првиот рок концерт да ја одведе мајката, која одушевено ќе танцува во публиката.
Мајката Лав секогаш го сака најдоброто за своето дете, но исто така ѝ дозволува да има свој сопствен простор.

Рак и Рак

Кога мисли на својата мајка, ќерката родена во знакот Рак исполнета е со гордост. Имено, мајките Ракови се многу друштвени, со двете нозе цврсто стојат на земја, па со леснотија ги завршуваат своите работи. Сè додека тоа не изгледа (премногу) застрашувачко за ќерката, тогаш оваа комбинација е идеална.

Јарец и Шкорпија

Шкорпијата е перфенкционист. Кога станува збор за воспитување, сакаат сè да направат како што треба и детално се подготвуваат за таа улога. Штом детето ќе ја види светлината, мајките Скорпии чувствуваат силна љубов која целосно ги преплавува.
Поради тоа на своите ќерки им ги простуваат недостатоците и поголемите грешки, кои себеси никогаш не би си ги допуштиле. За Јарците тоа е идеална мешавина на сигурност и слобода, која многу им треба.

Помеѓу овие комбинации на мајки и ќерки често може да има проблеми:

Лав и Риба

Луѓето родени во знакот Лав бараат многу внимание. Поради тоа Рибите се чувствуваат преплашени, бидејќи повеќе го сакаат својот мир. За да ги задоволи потребите на мајката, ќерката треба да има многу трпеливост. Иако тие многу се сакаат и чувствуваат љубов една за друга, нивниот однос е испреплетен со многу конфликти.

Овен и Девица

Во оваа констелација се среќаваат огнен знак (Овен) и земјен знак (Девица). Додека Девицата размислува пред да дејствува Овенот ќе пролета со главата низ ѕид.
Mногу e напорно ако мајката е родена во знакот на Овен. Потребно е многу, многу, многу разговор – најдобро е да се најде заедничко хоби кoе ќе ги поврзe.

Рак и Стрелец

Луѓето родени во знакот на Стрелец имаат потреба за свој слободен простор повеќе од другите знаци. Кога некој ќе им го „земe воздухот за дишење“, Стрелците стануваат немирни и се повлекуваат.
Со тоа емотивните Ракови тешко можат да се носат: им треба многу љубов и внимание, затоа што секој потег го земаат при срце. Во таа констелација, двајцата мораат да се согласат на компромис за односот колку-толку да им е во ред.

Овен и Стрелец

Овде во семејството се среќаваат два огнени знаци – и тоа е експлозивно, исто како што и звучи. И мајката и ќерката имаат голема животна енергија и радост, затоа се во постојана потрага за забава и авантура.
Она што може да се развие во длабоко пријателство, мајка и ќерка, во детството е преполно со изливи на бес и разидување со размислувањата – што двете може да ги доведе до работ на очајот.

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....