7.8 C
Скопје
00:30 - 31 март, 2026

(Фото) Запознајте ја најбогатата Босанка, „тешка“ е 300 милиони евра, роди на 51 година

Санела Дијана Џенкинс се прослави во Америка со учеството во реалното шоу „Вистинските домаќинки“ (The Real Housewives), а пред четири месеци се најде во центарот на вниманието на јавноста кога на 51-годишна возраст се породи и роди девојче на кое нејзиниот вереник Ашер и ѝ го дале името Елоди Меј Бук.

Двојката веќе ја има двегодишната наследничка Елијана, а Санела има четири деца, бидејќи со поранешниот сопруг веќе ги има синот Инис и ќерката Енеја. Санела тогаш Ќатиќ, е родена во Сараево, а потоа се преселила во Лондон, каде се запишала на Факултетот за економија и информатика.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanela Diana Jenkins (@sdjneuro)


Важи за најбогата Босанка, нејзиното богатство се проценува на 300 милиони евра. Со поранешниот сопруг, кој е 14 години постар од неа, Роџер Џенкинс, таа беше во брак 10 години, а по разводот доби богатство од 150 милиони долари.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanela Diana Jenkins (@sdjneuro)


„Дали таа ќе земе половина од моите пари? Се разбира. Без неа немаше да го имам успехот што го имав. Ја сакам Дијана и ѝ се восхитувам како мајка, деловна жена и некој што беше брилијантна жена. Ние продолживме понатаму и сме исклучително среќни со сè што имаме во нашите животи. Дијана секогаш ќе биде дел од мојот живот“, изјавил тогаш Роџер за светските медиуми додека јавно зборувал за своето богатство.

„Богатите жени од Лондон секогаш ме гледаа како некаква невеста по нарачка од Источна Европа. За жал, од дружењето со „социјални девојки“ сфатив дека ако имате голем дијамантски прстен, тие ќе разговараат со тебе, па набавив дијамантски прстен. Ми го купи мојот драг сопруг кој беше повреден од начинот на кој ме гледаа со презир“, призна Санела Дијана во една прилика.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanela Diana Jenkins (@sdjneuro)

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....