-2.2 C
Скопје
20:22 - 22 декември, 2024

НА КОИ ЛУЃЕ ТРЕБА ДА ИМ ПРОСТИТЕ ДЕНЕС НА ПРОЧКА: На родителите, на непријателите, себеси, на шефот…еве зошто!

Денес е прочка, ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Па, време е да размислиме за луѓето на кои треба да им простиме пред да влеземе со чисто срце во постот.

На родителите

Секако дека не биле совршени во изминатата година, но кој е совршен? Веројатно ве критикувале за некои постапки или одлуки, можеби тоа предизвикало конфликтни ситуации, но сепак тие ни се родители, тие не сакаат и се грижат за нас, тие само сакаат да бидеме среќни. Веднаш простете им, не заборавајте – сакаат и малку внимание!

На непријателите

Да се прости на непријателите веројатно е најтешка работа. Се сеќавате на познатата реченица „сакај ги непријателите?“. Не е лесно да се сакаат непријателите, но има убава мудрост во оваа реченица. Да живеете со гнев е сигурен начин да си го уништувате животот. Најпосле, не можете да ги избегнете непријателите, затоа што секој од нас ги има. Без разлика што ви направиле во годинава која изминала, или во претходните, обидете се да им простите, зошто поради нив сте денес посилна и поуспешна личност. Всушност, од вашите непријатели сега сте научиле важни лекции. Слушнете ги нивните мислења, и не земајте ги при срце нивните зборови. Јавете им се денес, доколку имате широко срце, или упатете им порака на простување во мислите.

На самите себе

Обично им простуваме на другите, а забораваме на себе. Ако оваа година била полна со грешки, простете си себеси за грешките кои сте ги правеле. Од денес имате одлична можност да започнете нова страница во вашиот живот. Откако ќе си простите, со тоа ќе избегнете да ги правите истите грешки повторно и пак, повторно.

На поранешниот партнер

Без разлика дали ви е срцето се уште „скршено“, а врската сосема упропастена, не го обвинувајте поранешниот партнер за овој неуспех. Ако во себе му простите на поранешниот партнер побрзо ќе го заборавите, а во животот ќе си отворите врата со отворено срце за нов љубовен предизвик. Многумина не можат да најдат нова љубов зашто грчевито и гневно ја обвинуваат старата и така се уште се „заглавени“ само со неа.

На соседите

Јасно ни е, многу пати во текот на годината сте се изнервирале поради нив. И сега едвај и да се поздравувате во влезот. Ние не ги одбираме нашите соседи, па некои од нив се веројатно и негативно расположени кон нас. Но, ред е барем да се почитуваме и поднесуваме. Изненадете го соседот со убава реченица или комплимент , и волшебно работите ќе се сменат.

На шефот

Да, речиси сите претпоставени имаат чуден карактер, особено кога ние сме во прашање. Но замислете само да ги замените местата, па вие да го „фатите“ на дело како, наместо да работи, си постира сликички на Интернет. Како вие би реагирале? Сигурно не би му рекле „ок е, јас ќе ја завршам твојата работа, ти работи на селфито“. Ако вашиот шеф бил престрог кон вас годинава можеби не е поради тоа што не му се допаѓате. Шефот само бара работата да си ја извршите навремено.

Најпосле, кога им простувате на луѓето кои ве повредиле, се чувствувате слободни, одите понатаму и напред, и постигнувате поголеми цели во животот.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....