01:10 - 12 април, 2026

Младата актерка им возврати на „вулгарните“ мажи на кои им пречат нејзините „мали“ гради во проѕирниот фустан

Младата актерка Флоренс Пух на многу дипломатски начин им одговори на сите кои од петокот и испраќаат вулгарни забелешки за, како што самата ги опиша, „нејзините две слатки брадавици“.

Британската ѕвезда на филмот „Black Widow“ од 2021 година на минатонеделната ревија на Валентино во Рим носеше розов фустан од тул, која во прв план ги стави нејзините гради.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Florence Pugh (@florencepugh)

Оттогаш, Пух не може да се одбрани од непримерни коментари, а повеќето од нив се упатени на сметка на нејзиното „скромно“ деколте. Како што појасни на социјалните мрежи, каде што започнала вистинска пресметка околу прашањето за големината на градите, некои од мажите и пишуваа дека требало да и биде непријатно затоа што е „рамна како даска“.

Зеленооката убавица, сепак, не дозволила да биде испровоцирана, туку јасно и кратко им одговорила на истите тие мажи кои ги нарече „сексистички тролови“.

„Пораснете!“, им порача 26-годишната Флоренс, а во продолжение на објавата на оваа тема појасни дека е горда на своите мали гради. Но, напишала и дека сите мажи кои ја прозиваат поради големината треба да се запрашаат зошто толку се плашат од женските гради.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Florence Pugh (@florencepugh)

– Долго време живеам во своето тело и целосно сум свесна за големината на моите гради. И на ваше разочарување, морам да ви кажам дека моите две слатки мали брадавици ни малку не ма измачуваат. Напротив! Но, се прашувам зошто сите толку се плашите од градите? Мали? Големи? Округли? Рамни? Треба да се запрашате. Затоа што тоа е проблемот, а не моите мали гради – нагласи актерката, додавајќи дека била свесна дека фустанот на Валентино, кој е целосно проѕирен во горниот дел, ќе предизвика реакции.

– Сите знаевме што правиме. Сепак, воопшто не ми е жал и не се чувствувам лошо поради овие негативни коментари. Уште еднаш се покажа колку на некои мажи им е ласно да се нафрлат на жена и да се обидат да ја понижат поради нејзиниот физички изглед – заклучи Флоренс, порачувајќи им на сите жени да не дозволуваат еден куп непознати да им кажуваат дека нешто не е во ред со нивното тело.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....