04:03 - 13 април, 2026

Мис Бугарија откри кој е нејзиниот идеален маж

Висок, рус, со сини очи и – најважно од сè – со многу пари. Таков можеби е идеалниот маж за повеќето убавици, но не и за Мис Бугарија 2020Венцислава Тафкова. Убавицата од Пловдив има сосема поинаква претстава за совршениот партнер, а своите размислувања ги сподели со следбениците на социјалните мрежи, пренесува порталот „Ние-жените“.

„Ми се допаѓаат мажи кои знаат што сакаат и умеат да ја направат жената до себе среќна. Отсекогаш сум сакала да бидам приоритет за мажот до мене  да ме поддржува и да се грижи за мене“, изјави 26-годишната манекенка.

Таа е категорична дека мажот покрај неа мора да биде силна фигура. Иако е еманципирана и независна, Венцислава признава дека во врска сака целосно да ја изрази својата женствена енергија и да се чувствува заштитено.

Друг услов кој го смета за важен е мажот да биде постар од неа, иако не прецизира колку години разлика би ѝ одговарало.

До неодамна, Тафкова била во врска, што и самата го открила, но признала дека таа љубовна приказна е завршена. Иако ретко зборува за приватниот живот, изгледа дека сè уште не го нашла мажот кој го исполнува нејзиниот идеал.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....