5.8 C
Скопје
17:40 - 18 декември, 2024

Милионерите од српската естрада! Цеца заработува милиони, но и ги троши: Еве кој е најбогат

Познатите српски пејачи во 2023 година главно поминаа добро и тој период го завршија „во плус“. Според податоците во Агенцијата за економски регистри на Србија, јасно се гледа кој пејач колку заработил. Сепак, јасно се гледа и колку некој потрошил, а колку пари му останале.

Најмногу пари дефинитивно му останале на Саша Матиќ, кој преку својата компанија остварил вкупен бруто промет од 1.129.786 евра. Кога од таа бројка ќе се одбијат деловните трошоци од 278.846 евра, како и државната такса од 87.547 евра, на сметката на фирмата на Саша останале 758.051 евро, а тогаш тој претходно си платил личен доход од само 5.675 евра.

Популарната и барана Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе подолго време остварува приход преку нејзината компанија. Деловниот бруто приход во 2023 година изнесувал 1.608.623 евра, но пријавени се огромни трошоци од 972.692 евра, па пејачката откако платила данок на државата од 96.547 евра, завршила со нето приход од 541.111 евра.

Со огромни примања може да се пофали и Милица Павловиќ. Таа на крајот на 2023 година во својата компанија имала бруто приход од 786.683 евра. Кога ќе се одбијат деловните трошоци од 736.760 евра, како и данокот од 6.974 платен на државата, на Павловиќ ѝ останале 44.940 евра.

И Јелена Карлеуша овојпат ја доведе својата компанија во загуба, иако имаше одличен бизнис. Овој негативен исход ѝ се случува трета година по ред. Во 2023 година остварила вкупен промет од 721.478 евра. Таа во АПР пријавила дека имала трошоци од 422.581 евра, дека платила данок од 32.076 евра, а сама си платила личен доход од 411.521 евра, па компанијата на Јелена завршила со загуба од 144.666 евра.

На врвот на листата очекувано е и Теа Таировиќ. Таа преку својата фирма од Нови Сад пријавила бруто приход од 814.769 евра, но и дека имала големи трошоци од 788.427, плус државна такса од 14.188 евра. На крајот добила нето сума од 57.589 евра. Значи, во случајот со Таировиќ е слично како минатите години. Како што растат нејзините приходи, таа пријавува се повеќе и повеќе трошоци, па на крајот и плаќа симболичен данок на државата и останува со скромна плата.

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....