6.8 C
Скопје
07:53 - 1 април, 2026

Милиќ Вукашиновиќ се огласи откако му ја ампутираа ногата: Еве каква е состојбата на рокерот!

Ногата на Милиќ Вукашиновиќ му ја ампутирале денеска, 3 декември, по што музичарот дал изјава за српски „Информер“ и открил детали за неговата состојба.

Милиќ се јавил на повикот од болничкиот кревет, само неколку часа по операцијата и во таа прилика истакнал дека долго време имал проблем и дека ампутација била неизбежна.

– Утринава ми беше ампутирана ногата. Се борам со години. Лани ја оперирав левата и тоа беше успешно, бидејќи крвните садови беа подобри. Подоцна дознав дека имам четири невризми од десната страна, но тоа не беше страшно. Имав огромна болка во потколеницата. Отидов на скенирање, кога се покажа дека многу малку крв влегува во стапалото. Стапалото беше најголемиот проблем. Јас сум крив затоа што сум го форсирал со одење, за да можам да свирам концерти. Тоа ме чинеше нога. Страдав, трпев… Отидов и во хипербарична комора, електромагнетни бранови… Отидов и во две бањи… Ништо не помогна, само се влошуваше и полошо. На крајот реков: ‘Луѓе, не можам да бидам таков пациент, да бидам осакатен поради комплекс’. Сè уште сум во болница, имав неверојатни лекари. Анестезиологот ми ги одвои двата пршлени и таму ми даде две инјекции. Сè беше направено под локална анестезија. Ништо не почувствував – изјави Милиќ Вукашиновиќ за „Информер“.

Да потсетиме, Милиќ Вукашиновиќ на крајот на 2023 година мина неколку недели во болница поради инфаркт, но поради компликациите кои настанаа осум дена помина на интензивна нега. Самиот музичар еднаш спомна можна ампутација на ногата, што, за жал, се случи денеска.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....