17.8 C
Скопје
12:28 - 26 април, 2024

Милена Антовска- Станковска: Се вратив во форма без диета и вежбање откако престанав со доење

Водителката Милена Антовска- Становска за еден свој обичен ден вели дека ѝ е „турбо“, откако е мајка на две ќерки. Помалата Јоана, на Василица наполни една година, а постарата, Лана Марија има пет ипол години, на празникот Голема Богородица, на 28 август ќе наполни шест.

-Еден обичен ден е турбо, хаха. Станувам сабајле, ја спремам Лана Марија, ја носам во градинка и продолжувам на работа. Јоана уште не оди во градинка, ја чуваат или моите родители или свекрва ми. Завршувам со работа и некои други обврски што ги имам надвор од телевизија, па ја земам Лана Марија од градинка и доаѓаме дома. Потоа, или дома играме нешто или ни доаѓаат гости или ние заминуваме некаде, зависи од денот и од ангажманите“, ни раскажа Милена.

Таа ја води Утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонијо“, и е една од нашите најекспонирани ТВ лица, и најактуелна на социјалните мрежи. Уште од рано наутро, Милена е подготвена за фотографија или видео на кои е секогаш насмеана. Важи и за една од најубавите и најнегуваните жени во јавноста, а оние кои ја следат, ја немаат видено онаа нејзина друга, домашна страна.

– Дома сум по тренерки или пижами, хаха. Некогаш со Лана Марија заедно знаеме да се дотеруваме бидејќи сега е во таа фаза и интересно ѝ е да ме гледа како се подготвувам или шминкам“, вели Милена.

Запаметена остана нејзината изјава, кога рече дека е горда на своите постпородилни облини. Минатото лето, таа објасни дека ѝ требало време да се охрабри да објави фотрографии од летниот одмор.

-Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана. Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку. Ама гајле ми е, затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика, Гордан Станковски. Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите“, напиша Милена минатото лето.

Сега, таа гордо вели дека си ја вратила посакуваната форма, и тоа без многу труд.

– Леле да, се вратив во форма, и дури не ми се верува дека без посебна диета или вежбање сум супер сега. Само што престанав со доење, телото ми се врати во првобитна состојба за среќа“, низ насмевка раскажува Милена за „Еспресо“.

Токму овој одговор, нѐ однесе кон следното прашање, кое е честа тема во денешно време кога е актуелена борбата против говорот на омраза. Милена искрено раскажа како се справува со омаловажувањата или неправдите кои ги доживеала на сметка на физичкиот изглед или некоја нејзина постапка.

-Па, не може секој да те сака или да си му убав. Ова не важи само за мене туку за било која друга јавна личност. Одамна не читам коментари затоа што мислам дека нема потреба да читам кога станува збор за физички изглед. Коментари секогаш имало секакви, и лоши и добри, но не замерувам искрено. Околу моите постапките, не можам да кажам дека сум прочитала нешто лошо или пак може не се ни сеќавам или сум заборавила. Секој има право на свое мислење. Ако е вистинито го почитувам, ако е лага го занемарувам“, ни откри атрактивната водителка.

Фото: Приватна архива

 

Слични објави

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо
Се вчитува....