6.8 C
Скопје
09:45 - 1 април, 2026

Медведев: „Русија го избра својот пат, сега нема враќање назад“

Заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, на својот профил на Телеграм рече дека Русија го избрала својот пат и сега нема веќе враќање назад. Изразувањето на ова негово мислење се однесува на одлуките на рускиот лидер Владимир Путин.

Според Медведев, делумната мобилизација најавена во Русија значи дека ќе се одржат референдуми на ослободените територии, а Доњецката и Луганската народна република ќе станат дел од Русија. Тој истакна дека нивната заштита ќе биде „зајакната од вооружените сили на Руската Федерација“.

Понатаму, Медведев ги предупреди западните воени лидери дека руското хиперсонично оружје може „многу побрзо“ да стигне до цели во Европа и во САД.

Да потсетиме дека Путин вчера најави делумна мобилизација во земјата на 21 септември. Планирано е со мобилизацијата да бидат регрутирани 300.000 резервисти.

 

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....