6.8 C
Скопје
09:15 - 1 април, 2026

Мецола: Европскиот парламент ќе спроведе истрага по апсењето на потпретседателката Каили

Европскиот парламент ќе спроведе внатрешна истрага по апсењето на потпретседателката Ева Каили како дел од истрагата за корупција. Ова го соопшти претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Како што истакна Мецола, никој во Европскиот парламент нема да „стави ништо под тепих“.

„Ќе започнеме сопствена внатрешна истрага за да ги откриеме сите факти поврзани со парламентот во овој случај и да разбереме како да ги зајакнеме нашите сопствени системи“, рече Мецола.

Според нејзиното мислење, повеќе не е можно да се води бизнис на ист начин како што беше пред овој инцидент.

Во врска со корупцискиот скандал таа побара и преглед на извештајот за визното олеснување со Катар и Кувајт.

Претходно на грчката политичарка Ева Каили ѝ беше одземена функцијата потпретседателка на ЕП поради антикорупциската истрага во која се смета за осомничена.

Обвиненијата против Каили и уште три лица се поврзани со Светското првенство кое во моментов се одржува во Катар.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....