14:47 - 2 април, 2026

Маск обвинет за сексуална злоупотреба, стјуардеса тврди: „ми ги покажуваше интимните делови и се триеше на мојата нога“

Маск наводно платил 250.000 долари на вработена во SpaceX за да избегне тужба во 2018 година.

Елон Маск повторно се најде на насловните страници. Но, овој пат не поради проблематичното купување на Твитер, туку затоа што беше обвинет за сексуално малтретирање. Спејс Икс, воздухопловната компанија што тој ја основал ѝ платила на стјуардесата – која била вработена кај него – 250 илјади долари за да избегне поплака во 2018 година.

Според „Бизнис инсајдер“ стјуардесата, која работела како член на кабинската екипа, го обвини „најбогатиот човек на светот“ дека „ги покажува интимните делови и се трие на нејзината нога без согласност“. Маск потоа ѝ предложил да ѝ купи коњ во замена за еротска масажа. Инцидентот кој се случил во 2016 година е објаснет во напис потпишан од пријателка на стјуардесата.

Според оваа изјава, стјуардесата ѝ се доверила на својата пријателка дека откако ја прифатила работата како стјуардеса, била охрабрена да добие лиценца за масер за да може да продолжи да работи за Маск во оваа нова функција. За време на масажа – продолжува – во приватна кабина на млазот Gulfstream G650ER , газдата на Тесла ѝ го дал предлогот.“

„Ова е првпат во мојата кариера да се појави нешто вакво“, одговори Маск, дефинирајќи го написот како „политички мотивиран“.

 

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....