6.6 C
Скопје
03:45 - 1 април, 2026

Мариупол не се предава, заменик командантот од Азов порачува: „Сè уште сум внатре, во тек е тајна операција“

„Сè уште сум внатре со мојата команда“ – вели во видео порака заменик командантот на баталјонот Азов, кој се уште е забарикадиран во челичарницата. Украинската армија дава отпор и не ја напушта фабриката за челик. „Подготвуваме нешто, но не соопштувам детали“.

Заменик-командантот и портпарол на баталјонот Азов, Свјатослав Паламар, наречен „Калина“, не ја напуштил фабриката за челик Мариупол со другите војници кои им се предале на Русите. „Денеска е 85-тиот ден од војната. Јас и мојата командант сме на територијата на фабриката Азовстал. Во тек е операција, чии детали нема да ги соопштувам“, рече Паламар, исто така портпарол на Азов, преку видео порака на Телеграм, лансирана од агенцијата UNIAN.

Претходно руските медиуми ја пренесоа веста за предавањето на заменик командантот. Не е јасно на која операција се однесува изјавата на Паламар.

Русија соопшти дека повеќе од 1.700 луѓе кои биле во фабриката се предале во понеделникот и биле одведени во областите под руска контрола. Без оглед на бројот на украинските борци кои сè уште остануваат во фабриката за челик заедно со заменик-командантот Паломар, нивната судбина останува нерешена: Украина сака да организира размена на воени заробеници, но Русија постојано дава до знаење дека тоа не се војници, туку „неонацистички“ борци на кои треба да им се суди.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....