15:51 - 4 декември, 2024

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Работата во ин витро фертилизацијата е, пред сè, тимска работа, мора да има соработка меѓу специјалистот за хумана репродукција и ембриологот за да постигнеме успешни ин витро постапки што ќе им помогнат на паровите да ја остварат својата цел, да се остварат како родители. Секој успех ни носи огромна радост и нам и на идните родители, вели Маја Алексовска, ембриолог во болница „Санте Плус“ на почетокот на разговорот.

Како што се планира кариерата и финансиската конструкција за иднината кај младите брачни парови, малку повеќе треба да размислуваат и на планирање на репродуктивната иднина, се согласувате?

– Се согласувам. Во последно време има зголемување на бројот на парови што имаат неуспешност во постигнување на бременоста, меѓутоа денес имаме поразвиени методи и техники што ни помагаат да постигнеме поголем успех во ин витро постапките и да им помогнеме на пациентките да постигнат забременување. Дефиниција за неплодност се смета кога имаме неуспешност во постигнување бременост по една година со незаштитени сексуални односи, кога жената е до 35-годишна возраст. Но, кога жената е над 35-годишна возраст, обично по шест месеци веќе се препорачува да се преземе нешто и дека можеби имаат некаков проблем со неплодноста. Ова што го наведов како дискриминација на жената како фактор за неплодност е поради тоа што со текот на годините, особено по 35-тата година, доаѓа до рапидно намалување на оваријалните резерви со кои располага жената и се намалува квалитетот на јајце-клетките. Следниот чекор што ваквите парови би требало да го направат е да посетат специјалист за хумана репродукција. Со анамнезата ќе се утврди кои испитувања треба да ги направат за да се открие причината за неплодност, дали станува збор за машкиот или за женскиот фактор. Врз основа на добиените резултати, се поставува правилна дијагноза и се предвидува која терапија или третман ќе се спроведе за да се постигне бременост. Во некои случаи, се препорачува само промена во животниот стил, здрав начин на исхрана, примена на суплементи, можеби да се даде некоја терапија за да се регулира хормоналниот дисбаланс, да се регулира доколку не постои овулација итн. Доколку сите овие методи се надминат, во зависност од резултатите, може да се препорачаат некои од методите на ин витро фертилизацијата.

Што кога е во прашање машкиот фактор како причина за неплодност?

– Може да имаме женски фактор како причина за неплодност, машки фактор, како и комбинација од машки и женски фактор, но може да имаме и неплодност од непознати причини, а имаме нормални вредности во анализите. Кога станува збор за машкиот фактор, основна дијагностичка метода што се применува е лабораториска анализа на семената течност, односно анализа позната како спермограм. Со спермограмот добиваме податоци за изгледот, волуменот, за pH-вредноста на семената течност, за концентрацијата на семената течност, за мобилноста на сперматозоидите, за присуство или отсуство на морфолошки нормални форми на сперматозоиди што ќе бидат способни за оплодување. СЗО има дадено точно определени, референтни вредности кои ни укажуваат дека имаме нормален наод на спермограм. Доколку имаме отстапки од овие референтни вредности на нормалниот наод, дали станува збор за олигозооспермија – во тој случај имаме намалена концентрација на сперматозоиди, или астхенозооспермија или намалена мобилност на сперматозоиди, тератозооспермија кога имаме отсуство на морфолошки нормални сперматозоиди, или азооспермија кога имаме отсуство на сперматозоиди во семената течност. Кога имаме вакви отстапки од нормалните вредности, може да се препорача да се направат дополнителни анализи за да се утврди причината за ваквиот наод и да се подобри. Може да се препорача да се направи спермокултура за да се утврди дали постојат некои бактериски инфекции што би можеле да се решат со давање соодветна антибиотска терапија. Може да се препорачаат хормонски испитувања, испитувања на хормоните на хипофизата, на хипоталамусот, на тестисите, односно тестостеронот итн. Друга анализа е присуство на антиспермални антитела, доколку имаме аглутинација се намалува моќта на подвижноста на сперматозоидите што во природни услови не би можеле да достигнат до јајце клетката и да направат оплодување. Може да се препорача да се направи тест за виталност на сперматозоидите, кога имаме многу ниска концентрација на подвижни сперматозоиди. Во одредени моменти може да се препорачаат и генетски анализи, позната е методата ДНК фрагментација со која се определува процентот на ДНК оштетувања на сперматозоидите, што укажува дека имаме сперматозоиди со висок процент на некакви генетски промени и се морфолошки неспособни да направат оплодување. Може да се направи и испитување на ипсилон хромозомот, со што би се дијагностицирале одредени генетски или наследни и вродени синдроми, а во краен случај може да се направи и кариотипизација со која се дијагностицираат промени во бројот и структурата на хромозомите.

Што би им препорачале на оние што поминуваат низ процесот на лекување на неплодноста?

– Знам дека лекувањето на неплодноста е тешка задача, но не е неостварлива. Се препорачува да се следат препораките на специјалистот за хумана репродукција, да останеме позитивни, партнерите да имаат меѓусебна поддршка. И да имаме добар тим на специјалист за хумана репродукција и ембриолог, кои со меѓусебна соработка ќе ги согледаат сите причини за неплодност, тимски да работат, да се посветат и да постигнат успешна ин витро постапка, односно на пациентите што имаат проблем со неплодност да им овозможат да го остварат својот сон, да станат родители на здраво новороденче. Најголемиот дел од паровите што имаат проблем успеваат да постигнат бременост, некои успеваат со првата ин витро постапка, некои, пак, го поминуваат потешкиот пат кога се потребни неколку постапки, некогаш почнуваат со инсеминации кога имаме услови за тоа. Се бориме и даваме сè од себе за да постигнеме паровите да станат родители.

Ембриологот Маја Алексовска и експертскиот тим на болница „Санте Плус“ ви стојат на располагање. Закажете го вашиот термин или консултација на телефоните +389 71 262 323; + 389 2 511 20 16; +389 71 262 692

Комерцијален текст.

Слични објави

(Видео) Се смирија Ана Николиќ и Рале: Пејачката повторно го скрши зборот и му го прости неверството на Ратковиќ

Еспресо

Црна Гора избира нов претставник: „Неоноен“ се повлече од Евровизија

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац е подготвена за празниците: Елката е убава како од бајка

Еспресо

(Фото) На која подобро ѝ стои: Рада Манојловиќ во фустанот на Џенифер Лопез, извајаните нозе во преден план

Еспресо

(Видео) Не можеше долго да се крие: Бремената Жизел Бундшен во минијатурно бикини се бакнува со новото момче

Еспресо

Хороскоп за 4 декември: Два знака се во сериозна дилема

Еспресо
Се вчитува....