15:53 - 10 ноември, 2026

Лудница на Оскарите: „Сè секаде одеднаш“со седум златни статуетки, Оскар и за најдобар филм!

По шест златни статуетки од почетокот на вечерта на Оскарите, „лудата“ авантуристичка комедија во Театарот Долби го освои и Оскарот за најдобар филм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Oscars (@theoscarsworld)

Научно-фантастичната акција „„Сè секаде одеднаш“ е апсолутен добитник на 95. Оскар со седум златни статуетки, меѓу кои и онаа за најдобар филм.

Даниел Квон и Данијел Шајнерт триуфмираа вечерва во категоријата најдобра режија за филмот „Сè секаде одеднаш“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cinephile Club ® (@cinephile.club)

Најдобра глумица е Мишел Јео за филмот „Сè секаде одеднаш“.

Брендан Фрејзер пак, е најдобар глумец за улогата во филмот „Кит“ (Whale).

Втор Оскар во својата кариера за најдобра монтажа доби Пол Роџерс за филмот „Сè секаде одеднаш“.

Оскарот за најдобра машка споредна улога отиде во рацете на Ки Хју Кван за улогата во филмот „Сè секаде одеднаш“.

Оскарот за најдобра женска улога отиде кај Џејми Ли Кертис за улогата во „Сè секаде одеднаш“.

Најдоброто оригинално сценарио го напишаа Данијел Квон и Денијел Шајнерт за „Сè секаде одеднаш“, филм со најмногу освоени Оскари.

Филмот „Топ Ган Маверик“ освои Оскар за најдобар звук.

Оскар за најдобра сценографија добија Кристијан Голдберк и Ернест Хипер за нивната работа во продукцијата на воениот спектакл „На Западот ништо ново“. Истиот филм ја доби златната статуетка во категорија најдобра музика.

Никој не се сомневаше дека Оскарот за најдобри визуелни ефекти ќе го освои Аватар-Патот на водата.

Оскарот за најдобар документарен филм го доби „Навални“.

Пејачката од Барбадос Ријана се појави на сцената на театарот Долби и успеа да ги крена сите во салата на нозе. Лени Кравиќ, како и Дејвид Бирн и Лејди Гага приредија шармантен настап.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....