15:53 - 10 ноември, 2026

Шенон Доерти со години се бори со рак на дојка, колегите ѝ го завртеа грбот

Актерката Шенон Доерти се прослави со улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“, а подоцна имавме можност да ја гледаме како Пру во хит серијата „Волшебнички“.

За жал, Шенон со години се бори со ракот на дојката, а сега на Инстаграм објави дека синдикатот на актерите SAG-AFRTA одбива да ѝ ги покрие медицинските трошоци бидејќи претходната година не заработила 26.470 долари, што е минимум за да се стекне со право на здравствено осигурување.

„Јас сум љубопитна за таквите како мене кои работат од 10-годишна возраст и редовно плаќаат членарина во синдикатот, а кога не можеме да работиме поради болест, нашето здружение не напушта. Мислам дека можеме да работиме подобро за сите наши членови и мислам дека вие сте личноста која може да го направи тоа“, напиша таа,  меѓу другото означувајќи ја нејзината колешка Фран Дрешер, кој е претседателка на споменатото здружение.

„Животното осигурување не треба да се заснова на годишен приход. Тоа е доживотен придонес. Не е во ред тоа што јас и многу други кои плативме доживотно членство да бидеме оставени само затоа што не ги исполнуваме вашите сегашни критериуми“, заклучила актерката.

За потсетување, на Шенон во 2015 година ѝ беше дијагностициран рак, по што ѝ беше извршена мастектомија, а исто така беше подложена на бројни третмани со хемотерапија и зрачење. Иако беше на ремисија, болеста ѝ се врати и таа редовно ги ажурира своите следбеници на Инстаграм за тоа како се чувствува.

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.
Се вчитува....