17:01 - 11 април, 2026

Љубовниот живот на францускиот претседател Емануел Макрон: „Нема така лесно да се ослободиш од мене“

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата 24 години постара сопруга Брижит се венчаа во 2007 година и тоа една година по нејзиниот развод од банкарот Андре Луис Озиер.

Не е познато кога ја започнале врската, но родителите на Макрон силно се противеле на оваа врска.

Малку е познато дека во претседателот на Франција била заљубена ќерката на Брижит, Лоренс Озиер. Таа со Емануел одела во средно училиште и таа постојано зборувала за него и било многу очигледно дека и се допаѓа, изјавиле пријатели блиски до семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emmanuel Macron (@emmanuelmacron)

Но, во меѓувреме, нејзината мајка лудо се заљубила во него и ги шокирала сите. Тоа пред извесно време го откри помалата ќерка на Брижит, Тифани Озиер во документарецот „Брижит-Макрон: Француска новела”. Тифани призна дека за неа, нејзината нејзината постара ќерка и постариот брат Себастијан тоа било трауматично искуство. Макрон многу брзо започнал да доаѓа кај нив, но не кај сестрата, туку кај мајката, која му предавала француски јазик и му држела часови по глума.

– Беа воодушевени еден од друг и тоа сите го гледаа. Никој тоа никако не можеше да го сокрие. Татко ми, откако виде што се случува, веднаш се исели од куќата. Се пресели во Лил, каде што работеше – откри Тифани.

Родителите на Емануел тогаш го испратиле во Париз да го заврши школувањето, но тој успеал да ја одржи врската на далечина со Брижит.

– Нема така лесно да се ослободиш од мене. Ќе се вратам по тебе и ќе те оженам – и кажал Макрон на својата тогашна учителка, мажена жена со три деца.

Макрон и Брижит 13 години ја одржувале врската на далечина, а кога таа во 2006 година се развела од својот сопруг, Емануел ја запросил.

Слични објави

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава трогна многумина

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо
Се вчитува....