6.8 C
Скопје
18:57 - 28 март, 2026

Лепа Лукиќ напиша тестамент: Еве што поседува пејачката и кому ќе го остави богатството

Пејачката Лепа Лукиќ неодамна откри дека напишала тестамент, како и дека огромното богатство што го стекнала во својата 50-годишна кариера ќе го остави на дете, кое го одгледува како да е свое.

Фолкерката, 84-годишната Лепа Лукиќ, како што пишуваат српските медиуми, препушта сѐ на својот внук Радисав, но тој мора да исполни еден услов.

Нејзиниот внук ќе ги добие ресторанот, два стана, куќата и целата заштеда на Лепа, но додека е жив мора да се грижи за мачката Маза.

„Напишав тестамент во кој изјавив дека мојот внук мора да се грижи за мачката, ако јас умрам пред него. Радисав треба да се грижи за Маза, да ја чува и гали, а тој ќе наследи сѐ што сум стекнала во текот на мојот живот. Сето тоа стои во документот кој го чува мојот адвокат“, рече Лепа и додаде дека е многу приврзана за мачето што го посвоила пред девет години.

„Таа е чудо од мачка, ја гледам како свое дете. Затоа морам да се грижам за неа и да знам дека ќе биде добро кога ќе одам на другиот свет. Од 2011 година ние две живееме заедно како мајка и ќерка“, рече Лепа и истакна дека со Маза зборува како човек.

Слични објави

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо
Се вчитува....