12:58 - 31 јануари, 2026

Лепа Брена се огласи по несреќата: Сѐ ќе биде во ред, ми треба малку време да се опоравам

Лепа Брена се огласи на Инстаграм откако го скрши скочниот зглоб за време на синоќешниот концерт во Арена Загреб.

„Драги мои…

Животот нѐ потсети, по којзнае кој пат, колку е важно во нашите срца да чуваме и да се сеќаваме на сè убаво што имаме, бидејќи ништо не се зема здраво за готово и сè поминува брзо. Но, исто така, нѐ потсетува дека убавите моменти доаѓаат повторно и повторно.

За жал, синоќа за време на еден од незаборавните моменти на концертот, на половина концерт се случи несреќа кога снимателот падна врз мене и како последица од тој пад ја скршив ногата. Не сакав да престанам и за љубов на сите вас во Арената продолжив да пеам. Добрата вест е дека сѐ ќе биде во ред, но во моментов ми треба малку време да се опоравам. Вашата љубов, поддршка и трпение во овој период ни значат многу. Ви благодарам од сѐ срце.

Наскоро ќе ве информираме за новите термини за одложените концерти. Ви благодариме за разбирањето и што сте секогаш со нас.

Вашата Брена“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Несреќата се случила непосредно пред да ја изведе песната „Пази коме завидиш“, што значи дека Брена во болка испеала уште 23 песни, односно 19 во редовното време на концертот и уште четири на бис. Тоа е околу час и половина пеење, без никој во салата да сфати дека нешто се случува.

Пејачката по концертот заврши на загрепската клиника за трауматологија каде и беше оперирана. Организаторот на концертот ги извести фановите дека преостанатите два концерта се одложуваат.

@viktorhrsak1 Pogledajte trenutak kad Brena peva sa polomljenim zglobom u Areni Zagreb #foryourpage #hajdedasevolimo #extrafm #balkan #imampesmudavampevam #brena #zagreb #arenazagreb #lepabrena #zagrebcroatia #hrvatska🇭🇷 #fyp #srbija #region #videoviral #fyp ♬ original sound – vičko 🫶🫶🫶

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....