07:03 - 1 февруари, 2026

Лепа Брена сака да сними филм за нејзиниот живот: Откри и која актерка би сакала да ја игра главната улога

Лепа Брена е една од најуспешните југословенски пејачки со продадени 40 милиони плочи. Сега таа за хрватските медиуми проговори за можен биографски филм.

Таа откри дека најпрво би сакала да напише книга за себе која ќе послужи како сценарио за филм за нејзиниот бурен живот.

„Прво, би сакалa да напишам книга врз основа на која би се снимал филм, бидејќи сценаристот би морал да знае толку многу детали од моето детство кои биле вака или онака. Би знаелa како да го претворам во хумор и да ги претставам подемите и падовите како составен дел од животното патување и растењето. Второ, би можелa да ја опишам сета ментална болка што ја доживеав во текот на мојот живот и да споделам фантастични моменти со луѓето, бидејќи има многу работи што ги немам кажано. Тоа може да биде добра приказна“, рече таа.

Таа потоа продолжи за тоа како би можел да изгледа тој филм и дека повеќе актерки треба да ја играат.

„Треба да има три генерации… Една што е премлада и исплашена. Друга во средна возраст и последната која е постара и позрела и навикната на подеми и падови“, додаде таа.

Брена откри дека моментално не знае кои актерки би ја глумеле, но дека особено ја воодушевила енергијата на наградуваната Јасна Ѓуричиќ, која ја гледала во претставата „Проект Лепа Брена“.

„Досега имаме четири жени во претставата „Проект Лепа Брена“, меѓу нив и Јасна Ѓуричиќ. Таа едноставно е предводник на мојата моментална енергија. Јасна има актерско искуство… Во 2021 ја доби наградата за најдобра актерка во Берлин за „Quo vadis, Аида?“. Едноставно, потребни се повеќе актери за да се оствари тоа“, заклучи Брена.

Слични објави

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо
Се вчитува....