16:39 - 11 април, 2025

Лепа Брена ослабела поради навредлив коментар на келнер: Ѝ рекол дека изгледа како трафостаница

Лепа Брена е во седмата деценија од животот, а според многумина времето за неа изгледа застанало. Меѓутоа, како и секоја друга жена, и таа во еден период од животот имала вишок килограми, но благодарение на правилната исхрана брзо ја донела својата фигура до посакуваниот изглед.

Причината поради која почнала да слсабее е коментарот на некој келнер на почетокот на кариерата, кој ѝ рекол: „Мислев дека ќе дојде пејачка, а дојде трафостаницата!“

Ваквиот коментар ја повредил пејачката, но и ја мотивирал да се промени и сериозно да се посвети на својот физички изглед.

– Вообичаено јадев едно или две јајца наутро. Барав органски јајца. За ручек, тоа беше обично некоја посна супа без маснотии и тестенини. Всушност, тоа беше вода во која зеленчукот беше само натопен, а не сварен до бесвест, за да не добиете ниту еден витамин од целата приказна. Таму дефинитивно имало месо, кое било печено на скара или варено. За вечера тоа беше парче риба или месо, заедно со салата – изјавила еднаш Брена.

– Нездравата храна за мене е минато. Масни производи не доаѓа предвид! Не јадам торти или колачиња и се чувствувам многу подобро. Сѐ што подготвувам го готвам во вода, без капка масло. Успеав и Боба да го „навлечам“ на здрава храна. Сега и нему му се допаѓа – изјавила претходно пејачката, а покрај исхраната која максимално ја сменила, Лепа Брена последниве години редовно тренира и на тој начин ја одржува формата.

– Редовно тренирам и многу ми се допаѓа. Не ми е толку важно како изгледам, колку да се чувствувам добро и да бидам енергична – истакна неодамна пејачката.

Слични објави

Ѕвездата на „Вовед во анатомија“ откри дека боледува од неизлечива болест

Еспресо

Познат продуцент призна: Шест месеци бев со Јелена Карлеуша!

Еспресо

Нада Топчагиќ ги избегнува медиумите, а сега откри зошто: Не смеам да умрам на маса

Еспресо

Уапсен е Миле Кекин, фронтменот на „Хладно пиво“

Еспресо

Најголемиот хит на Миле Китиќ: Песната „Кралица тротоара“ била наменета за друг пејач!

Еспресо

Синот на Драгана Мирковиќ ги покажа мускулите: „Може да ме видите само во црква и во вежбална“

Еспресо