14:11 - 3 април, 2026

Лепа Брена го собрала најголемиот бакшиш за една песна досега: Од сумата ќе ви се сврти во главата!

Освен што работи како водител на телевизија, Зоран Пејиќ Пеја често води и приватни прослави низ светот.

Тој гостуваше во емисијата „Ѕвездите на Гранд специјал“ каде откри дека познатата пејачка Лепа Брена го заработила најголемиот бакшиш досега на естрадата.

Сепак, нагласи дека тогаш тие пари ги поделила со сите. Пеја се присети на прославата што се одржала пред многу години во Париз и раскажа дека Брена тогаш подеднакво го делела сиот бакшиш со колегите.

„Лепа Брена настапуваше на една прослава во Париз, излезе да пее и за една песна доби 20.000 марки. Таа доби и огромна сума за самиот настап, што сега не можам да го кажам, а ова беше бакшиш за една песна. Потоа му ги однесе тие пари на Миќа Николиќ, ги стави во торбата за хармоника и сите ги поделивме на крајот“, изјави Пеја во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“.

Но, водителот признава дека денес ситуацијата е поинаква и дека целиот бакшиш заработен на настапите ги земаат домаќините,  со кои на крајот ја плаќаат музиката.

„Во денешно време, бакшишите ги земаат домаќините на забавата, а тоа ми изгледа малку чудно. Сестра ми седи и сака да се весели, вадам 500 евра и давам на музика и таа го прави истото. Таа дава на пример сто евра, а потоа брат ѝ ги зема сите 600 евра и ја исплати музиката -објасни тој.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....