1.8 C
Скопје
07:09 - 23 февруари, 2025

Леонардо Дикаприо се обидува да го скрие овој филм од јавноста, го забранил неговото прикажување

Во долгата и успешна кариера на холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо, постои филм за кој актерот особено зажали што го снимил, а неговото прикажување беше целосно забрането.

За филмот „Донската слива“ (“Don’s Plum”) веројатно никогаш не сте слушнале, а никогаш нема ни да слушнете бидејќи Дикаприо поминал повеќе од 20 години обидувајќи се да спречи филмот да ја види светлината на денот.

„Донската слива“ се смета за најлошиот филм во холивудска кариера на 47-годишниот глумец.

Во голема мера импровизираниот црно-бел инди филм ја раскажува приказната за група 20-годишници кои се собираат секоја сабота навечер на вечера во Лос Анџелес и не прават ништо добро.

Во главните улоги се појавуваат Кевин Коноли и Тоби Мегваер, а филмот бил снимен во текот на неколку дена помеѓу 1995 и 1996 година – една година пред Дикаприо да стане светска ѕвезда благодарение на „Титаник“.

Но, интересно е што филмот е забранет да се прикажува во САД и Канада, пишува Њујорк пост.

Според IMDb, режисерот на филмот Р.Д. Роб поднел тужба од 10 милиони долари против Дикаприо и Мегваер. Во исказите во состав на тужбата од 1998 година, актерите тврделе дека никогаш немале намера проект сличен на филмска школа да стане игран филм.

И двајцата тврделе дека филмот го снимиле како услуга и добивале само 500 долари секој ден. Тие исто така верувале дека ќе се прикажува само на независни филмски фестивали.

Набрзо откако Дикаприо се прослави, Мегваер ја доби улога на суперхеројот Спајдермен, што го поттикна режисерот на филмот да организира состаноци со дистрибутерите со надеж дека филмот ќе се приближи на пошироката публика.

Меѓутоа, откако актерите го блокираа објавувањето на филмот, продуцентот Дејвид Стантман ги тужеше за наводно започнување „принудна кампања за да се спречи објавувањето на филмот“, бидејќи се плашеле дека може да „открие лични искуства или тенденции“.

Сепак, накратко беше објавен на интернет во 2001 година во Германија, откако не успеа да стигне во кината, добивајќи мешани критики.

Потоа, во 2016 година, уште еден од продуцентите на филмот, Дејл Витли, ја креирал веб-страницата freedonsplum.com и споделил линк за стриминг на филмот на Vimeo, кој подоцна беше отстранет.

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....