11.8 C
Скопје
21:21 - 13 март, 2026

ЕНИ ЛЕНОКС СО БЕСТРАШЕН ОДГОВОР И ФОТОГРАФИЈА: „Остарена сум, но сепак беснеам, те благословувам со љубов!“

Твитерџија се пошегува за тоа колку многу остарела Ени Ленокс, но пејачката на Јуритмикс не можеше да премолчи: еве како таа одговори.

Твитерџија, извесен Џејсон Страмер, го тестираше трпението на пејачката на Eurythmics. Страмер не се воздржа, исмејувајќи се како уметницата остарела со текот на времето, станувајќи денес речиси непрепознатлива.

Имено, Страмер сподели фотографија од пејачката на Твитер, заедно со прашање до корисниците: „Без да проверувам, која е оваа?“, како стареењето да е криминал. Твитот стана вирален за неколку часа, а лошата шега предизвика итна реакција на обожавателите на Ленокс, кои навремено интервенираа во одбрана на својата миленичка. Уметницата можеби остарела, но сигурно не ги изгубила нервите низ годините.

Всушност, Ени Ленок реши да не молчи и лично да одговори на дрските провокации кои ги доби од твитерџијата. Ленокс, горда на знаците на стареење на лицето, сподели фотографија во многу крупен кадар од самата себе. И бестрашно му одговори на Џејсон Страмер, започнувајќи ја објавата со поздрави упатени до него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Annie Lennox (@officialannielennox)

„ На Твитер „тренда“ вашето прашање за тоа која е оваа личност… ОВАА личност !!“ напиша Ени Ленокс иронично во нејзиниот одговор, продолжувајќи: „Па можете ли да ми ја кажете разликата со личноста во маскирна облека меѓу растенијата? Хаха!!! Ајде да направиме уште еден тренд на Твитер, нели? !!! Остарена, но сепак беснеам. Ве благословувам со љубов…“, заклучи таа.

Тоа беше смел одговор кој Џејсон Страмер сигурно не го очекуваше.

Твитерџијата сепак одговори: „Зачуден сум. Ени Ленокс го кажа моето име. Малку се тресам. Ви благодарам многу за тоа. Ќе отворам Инстаграм профил за да можам да одговорам“.

Да потсетиме, на крајот на февруари, Ени Ленокс ја изрази на Инстаграм својата шокираност од војната во Украина, препорачувајќи го за донации Црвениот крст, во кој верува дека е одлична хуманитарна организација. 

И во оваа прилика Ленокс објави природна фотографија, горда на своите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Annie Lennox (@officialannielennox)

 

 

Слични објави

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ ги воодушеви и парижаните со стајлингот

Еспресо

Нивес Целзијус откри дали била љубовница на поранешен „Ватрен“: „Во приказната беше вмешана и една Северина“

Е.А.

Последна информација за состојбата на Зорица Брунцлик: Откриени најновите вести по операцијата 

Е.А.

„Вози Мишко“: Стигнале понуди за автобусот од култниот филм, сопственикот засега не прифаќа ниту една

Еспресо

Ѓани е итно опериран, вградени му се пет стентови: „Резултатите не беа добри“

Еспресо

Пукна љубовта меѓу светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис и атрактивната португалска глумица

Еспресо
Се вчитува....