13.8 C
Скопје
18:25 - 12 март, 2026

Лекарите открија зошто умираат вакцинираните лица кои се инфицираат со коронавирус

Лекарите dокажаа дека големото вирусно оптоварување довело до смрт на вакцинираните против KОВИД-19.

Истражувачите од Универзитетот во Аугсбург, Универзитетот во Дизелдорф и Техничкиот универзитет во Дрезден открија дека вакцинираните луѓе кои починале од коронавирус, повеќето од нив имале тешки коморбидитети и добиле многу големо вирусно оптоварување кога биле заразени. Резултатите се објавени во Nature Modern Pathology.

Авторите на трудот проучувале 29 смртни случаи поради САРС-КоВ-2 кај луѓе претходно вакцинирани против коронавирус. Сите пациенти починале помеѓу јануари и ноември 2021 година. Контролната група вклучувала 141 невакциниран пациент кои починале од коронавирус. Научниците ги утврдија причините за смртта, ги опишаа хистолошките промени на органите и карактеристиките поврзани со возраста на починатиот, видот на вакцината, нивната здравствена состојба и варијантата на вирусот. Направени се обдукции на 16 лица (делумно вакцинирани) и 13 целосно вакцинирани лица. Повеќето од починатите пациенти биле постари и страдале од голем број на истовремени болести. Користејќи PCR во реално време (RT-qPCR), научниците покажаа значително зголемена стапка на ширење на вирусот низ органите кај вакцинирани пациенти. Ова може да се должи на фактот дека пациентите добиле многу поголемо вирусно оптоварување од групата на невакцинирани пациенти.

Покрај тоа, многу вакцинирани пациенти кои починале имале габични или бактериски суперинфекции, малигни неоплазми или земале имуносупресиви. Така, смртните случаи од КОВИД-19 кај вакцинирани лица биле честопати поврзани со тешки коморбидитети, имуносупресивни состојби и високо вирусно оптоварување, што дополнително ја потврдува ефикасноста на вакцинацијата.

Слични објави

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.
Се вчитува....