22:41 - 5 април, 2026

Кумата на Марија Шерифовиќ откри како пејачката се снаоѓа во улогата на мајка: Има големи темни подочници

Марија Шерифовиќ неодамна се исполни во улогата на мајка, а сега се огласи и Милена Ѓерговиќ, кумата на познатата пејачка и откри како реагирала Марија кога го видела Марио за првпат.

Како што истакнала, Марија сакала да има син и тоа ѝ се остварило.

– не сум видела ништо поубаво во животот. Марија ми се јави на видео повик и кога го видов не можев да поверувам колку е убав. Видов дека Марија има големи темни подочници, се надевам дека кога ќе дојдат во Србија ќе ни го даде на некој од нас малку да го причуваме. Иако ќе има трка меѓу мене и Верица кој ќе се грижи за него. Марија ми рече: „Замисли да добијам девојче, не знам што би правела…” и доби момче затоа што го сакаше – изјавила Милена за Блиц.

Среќната вест Марија ја објави на Инстаграм, кога покрај слика со синот напиша:

– Љубовта дојде. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Марио е роден. Нека животот те води по најубавите патишта, синко, а јас те штитам од тага и од луѓето со мојата љубов. Ви благодарам на сите што испративте љубов и нека му биде тивко и топло се што доаѓа од вас. Ве сакам сите.

Марио до крајот на годинава ќе пристигне во Србија со мајка му Марија и баба Верица, со оглед на тоа дека е роден на 2 декември.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....