7.8 C
Скопје
10:06 - 1 април, 2026

Кралицата Елизабета Втора денеска полни 96 години: Ја викале Лилибет, лицето ѝ е на 35 валути, вози без возачка дозвола, не поднесува кромид и лук

Британската кралица Елизабета Втора денес полни 96 години. Роденденот ќе го прослави во Сандрингем, имотот во Норфолк каде што уживаше во семејните прослави со својот покоен сопруг, војводата од Единбург.

По повод роденденот на кралицата, на официјалниот инстаграм-профил на британското кралско семејство се појави фотографија од кралицата направена минатиот месец во замокот Виндзор.

На фотографијата се гледа кралицата која гордо стои меѓу нејзините два коња, Бајбек Кејти и Бајбек Најтингел. Таа носи темнозелен капут во вид на наметка додека ги држи уздите на нејзините омилени коњи пред дрвото магнолија.

Во продолжение прочитајте неколку интересни факти поврзани со најдолговечната владетелка.

-Во светот постојат дури 237 улици кои го носат нејзиното име.

-Куќата во Лондон во која е родена, сега е кинески ресторан.

-Сопственичка е на сите црвеноклунести лебеди во Велика Британија.

-Сопственичка е на сите китови и делфини кои пливаат во водите на Велика Британија.

-Првиот фудбалски натпревар на кој присуствувала бил натпреварот меѓу Блекпул и Болтон, кој завршил со резултат 4:3.

-Не го сака вкусот на кромидот и лукот, па кралските готвачи никогаш не ги користат тие намирници во нејзините јадења.

-Висока е само 162 сантиметри.

-Првиот мејл го пратила кога скоро никој во светот не бил запознаен со тој поим. Тоа било во 1976 година од компјутер во британската воена база.

-Учествувала на отворањето на Олимписките игри во Лондон. Нејзината двојничка скокнала со падобран од авион.

-Нејзиното лице се наоѓа на дури 35 светски валути.

-Семејството во младоста и го дало прекарот Лилибет. Го отфрлила кога имала 13 години и се лутела кога некој ја викал така.

-Имала 13 години кога почнала Втората светска војна. Во 1945 година вежбала со војската како механичарка.

-За време на војната 5 години поминала во дворецот Виндзор. Прозорците биле заштитени со вреќи, а светлата цело време биле пригушени поради безбедноста.

-Палатата била бомбардирана вкупно 16 пати во 1940 и 1941 година. Нејзината мајка за влакно ја избегнала смртта.

-Нејзиниот венчален прстен бил направен од велшко злато.

-Научила да вози на 21 година и таа е единствена во Велика Британија на која не и е потребна возачка дозвола.

-Фустанот што го носела на крунисувањето, го носела подоцна уште шестпати.

-Не гласа на изборите бидејќи тоа би било противуставно.

-Има четири деца, осум внучиња и седум правнучиња.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....