13.8 C
Скопје
18:12 - 12 март, 2026

Кралица на недвижности: Познатата српска пејачка издава десетина станови и зема 5.000 евра месечно

Пејачката Стоја Новаковиќ поседува неколку имоти, а сега се појавија информации дека наводно има 10 станови кои со години ги издавала. Имено, таа става во џеб околу 5.000 евра само од земањето на киријата од тие станови, пишува „Курир“

– Стоја цел живот паметно вложува и никогаш не ги расфрлала парите. Сè што заштедила вложила во недвижен имот, а заедно со семејството сè уште поседува сериозни станови. Во селото каде што живее се шушка дека има 10-тина стана што ги издава, а кога ќе собере сè, само од киријата си става околу пет илјади евра во џеб – вели информиран извор.

– Стоја никогаш не се ни пофалила колку заработува, а сите знаат дека добро издвојува пари, само за работи кои и се важни. Никогаш не трошела на глупави работи, дури ни на пластични операции. Затоа секогаш се шегува дека јаде колку што сака и не му е грижа како изгледа.

Инаку, фолкерката Стоја Новаковиќ животот го започна многу млада, се омажи на 16 години и роди син на 17. Но, нејзината младост не беше само исполнета со радости, туку доживеа и големи животни трагедии.

Стоја на само 19 години доживеа семејна трагедија која засекогаш и го промени текот на животот. Го изгубила сопругот, а животот наеднаш и се променил. Во шокантната исповед Стоја откри дека тој период бил многу тежок за неа и нејзиниот син. Поминала низ длабока тага и очај, а двајцата се нашле во тешка финансиска ситуација.

Слични објави

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.
Се вчитува....