5.8 C
Скопје
02:03 - 9 април, 2026

КОНСТРАКТА ја отвори вратата на приватниот живот: „Комшиите се прекрасни, можеш кај нив да одиш по ајвар, да ги оставиш децата на чување…“

Популарната српска музичарка, а по професија архитект, Констракта – претставничка на Србија на Евровизија, ја отвори вратата на својот денешен приватен живот, кој, вели, се разликува од оној кога не беше толку позната. 

„Моите деца се доволно возрасни за да разберат што се случува во моментов. Поради обврските кои не очекуваат во наредниот период, нашето секојдневие многу се промени, особено во слободното време. Ми се чини дека добро го поднесуваат и со нетрпение го очекуваат она што следува во Торино“, изјави српската претставничка на Евровизија, Констракта.

Таа истакна дека се консултирала и со сопругот.

„Секако дека треба да разговарам со сопругот и да разменувам мислења. Не секогаш се согласуваме за се, но кога ќе одобри нешто, тогаш сигурна сум дека тоа е смислена работа. Така испадна и овој пат“, изјави таа за „Глорија“.

Констракта вели и дека нејзините соседи ѝ даваат голема поддршка.

„Имам прекрасни комшии, маало во кое можеш да одиш на втор кат кај комшијата по ајвар или да ги оставиш децата на чување кај соседите во станот до тебе, или да ја префрлиш одговорноста на некој ако не си во тој момент во можност да ја извршиш, и така натаму. Им благодарам на комшиите за поддршката, се надевам дека ќе уживаат во нашиот настап во мај“, додаде таа.

Во интервјуто објаснува и дека нема да го менува настапот на Евровизија во Торино.

„Ние нема да го менуваме основниот концепт бидејќи се покажа како добар. Сè е внимателно осмислено и направено како што сакавме. Секако, ќе ја надградиме изведбата и ќе се обидеме да ја доближиме песната што е можно поблиску до луѓето кои не го разбираат нашиот јазик. Според реакциите кои секојдневно можеме да ги видиме на Интернет, ми се чини дека одиме во добра насока“, вели Констракта.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....