7.8 C
Скопје
16:28 - 18 декември, 2024

Комшиите „спискаа“ против Беби Дол: „Никој не ја поднесува, моли за храна, лаже и пие“!

Со денови интересот за Драгана Шариќ, алијас Беби Дол, не стивнува откако беше објавено дека е видена во народна кујна како зема храна.

После тоа многу луѓе околу неа се огласија, таа се вработи и како советник на Жељко Митровиќ на ТВ Пинк, но од пејачката нема ни трага ни глас.

Постара дама разговараше со српските новинарите и отворено зборуваше за пејачката.

-Беби Дол го продаде станот во кој живееше, а нејзината тетка живееше во оваа зграда. Беби мислеше дека станот ќе ѝ припадне нејзе, но тетката почина пред шест месеци и станот не може да се продаде бидејќи треба да помине оставинско рочиште. Тетката нема никој друг освен нив, но тестамент не постои. Тука живеела мајката на Беби, Магдалена, и таа е иста како нејзината ќерка! Тетката почина, а никој не знаеше дека е мртва. Дојдоа по четири дена, никој не знае кога ја извадија од станот, ниту каде ја закопаа! Жената во понеделникот паднала од кревет, ја нашле дури во четврток! Она што го прочитав за Беби е дека таа е жртва, но таа воопшто не е жртва, таа си направи сама таков живот. Се омажи за тој алкохоличар и сега ја користи мајка си – изјави госпоѓата за српски Курир.

Соговорничката додала дека никој во маалото нема убаво мислење за неа ни за нејзиното семејство.

– Кога мајка ѝ се разведе, Беби го продаде тој стан во кој живееја и ги списка сите пари. Рече дека се мажи и дека оди во Нови Сад, сакаше таму да вложи во печатница, но тие парите ги профуцкаа и нејзината мајка немаше каде да живее. Ние комшиите сме сведоци кога дојде мајка ѝ , и клекна пред нејзината сестра, сега покојна, и ја молеше да ја пушти да живее тука зашто немаше каде. А Беби најде некој стан под кирија, ама не плаќаше кирија – објаснува соговорничката и додава:

–  Тогаш тој човек се распраша за неа и сфати каква личност е и ја избрка како куче заедно со сите нејзини кучиња и мачки. Значи, мајка ѝ живееше овде, а на Беби не ѝ беше дозволено бидејќи тетка ѝ не сакала да ја прими во станот. Ја видов многу пати како седи на скалите чекајќи да ја пуштат, мајка и тајно и носеше храна таму во Дорчол. Таа сега зема храна во народна кујна, така е, таа и една актерка одат таму заедно. Се случува во 2 или 3 часот по полноќ некој да ја трене вратата од станот на нејзината тетка, а потоа да ѕвони низ целата зграда. Сите се плашиме, овде живеат  повеќе постари луѓе.

Соговорничката понатаму објаснува дека мајка ѝ на Беби бара храна од соседите и потоа и носи храна на ќерка си. Таа тврди дека Беби и нејзниот партнер не работат баш ништо, „Беби демек пишува книга, а тој демек преведува“.

– Една вечер пред Нова Година Беби кај мене ѕвони мртва пијана, не знам дали е пијана или она другото, но мириса на алкохол… И вели „ох, мртва гладна сум, 36 часа ништо немам јадено, имате ли парче леб“, а кај мене мирисаше на пржени тиквички, ама баш леб немав. И велам „еве ти тиквичка“, и давам и си оди, не ми рече ни благодарам. Еднаш побарала од сосетката 500 динари и таа ѝ ги дала последните пари што ги имала, Беби рекла дека ќе ѝ ги врати за два часа, најмногу три. Но, таа никогаш не ги врати! И тогаш сосетката ѝ рекла на мајка ѝ на Беби да ѝ ги врати парите, па таа ѝ ги вратила, но двете се исти. Беби ѝ ја зема пензијата на мајка си, таа има убава пензија, работеше во телевизија како секретарка. Магдалена ја овластила да ѝ ја користи пензијата, а таа плаќа со неа киријата каде што живее.

Комшиката за српски Курир објасни и дека воопшто не ѝ е жал за Беби.

– Ма, што да жалите, кој да жали? Таа толку лаже што тоа не е нормално! Ова што го прочитав дека Жељко ѝ помогнал, кому да помогне, бре? Таа е светски неработник! Сега ја користи својата мајка која има 93 години и 39 килограми, мене ни е страв да ја погледнам таа жена, таа изгледа како да искочила од логор зашто овие двајца се ѝ земаат, пушат, пијат….

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....