3.8 C
Скопје
05:25 - 17 март, 2026

Коментарот на Сека Алексиќ за сопругот ги разнежни фановите: Секој ден сакам тој да се чувствува како крал во своето кралство, а јас како негова кралица

Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ уште еднаш покажаа дека нивната љубов и заедништво се совршена хармонија. Пејачката и нејзиниот сопруг уживаат во летниот одмор заедно со синовите Јаков и Јован, а Сека сподели фотографии полни со насмевки и нежност на Инстаграм. Додека блескаше во лежерен фустан за на плажа, Вељко ги покажа своите извајани мускули, што веднаш го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Вељко е познат по неговиот специфичен имиџ, а нивните следбеници сè уште го паметат моментот кога Сека еднаш го покажа без брада и со кратка фризура за време на патување со авион. Тогаш многумина едвај го препознааа, додека жените во коментарите велеа дека е вистински даса“.

Сека во повеќе наврати зборуваше за тоа колку многу ѝ значи нејзиниот сопруг да се чувствува сакан и почитуван.

– Секој ден сакам тој да се чувствува како крал во своето кралство, а јас како негова кралица – рече пејачката, нагласувајќи дека нејзина најголема радост е да го изненадува Вељко со ситници што имаат посебна вредност за него.

– Секој ден му организирам мали работи на мојот сопруг што тој ги почитува и сака. Сакам да му дадам сè и сè да му биде на дофат на раката – рече таа.

– Најмногу сакам да го израдувам кога сум сама со децата. Тогаш мисли дека ќе јаде нешто што останало од вчера или ќе пие протеини затоа што Светлана нема време да му зготви нешто“. А кога ќе дојде, на масата го чекаат три јадења, а потоа уживам гледајќи го. Секој може да купи подарок, но во овие моменти всушност се покажува љубовта и жртвувањето – заклучи Сека за Свет“.

Фотографиите и емоциите што Сека и Вељко ги споделуваат со јавноста покажуваат дека нивната врска од година во година е сè посилна.

Љубовта, вниманието и заедничките моменти со нивните синови се она што го прави нивниот брак стабилен и полн со топлина, а публиката со радост го следи секој нивен чекор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....