19:40 - 9 јануари, 2026

Koj e сопругот на Рита Ора поради кој е „официјално надвор од пазарот“: Доста постар од неа, режисер на револуционерни филмови

Пејачката Рита Ора потврди за Heart Radio Breakfast дека стапнала на лудиот камен – се омажила за Таика Ваитити, режисер 15 години постар од неа.

За венчавката на Ора и Ваитити во странските медиуми се шпекулираше уште лани летото, во првата недела од месец август, но контроверзната пејачка со потекло од Косово, тоа го признава дури сега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taika Waititi (@taikawaititi)

„Да, се омажив. Официјално сум надвор од пазарот, луѓе. Решив да го задржам тоа приватно и повеќе за себе, но со мојот нов спот го прикажувам она што можеше да биде. Кога се појавија гласини за тоа дали се омажив, сакав да импровизирам и да си поиграм малку со сите тие натписи. Сакав да организирам свадба, но не одеше според планот. Се разбира, тоа не е така во реалноста“, рече таа.

Но кој е сопругот на Рита Ора?

Таика Ваитити (46) е режиср, познат по тоа што често снима револуционерни филмови зад камерите, но дури пред година ипол  влезе во центарот на вниманието кога почна да излегува со Рита Ора (31).

Режисерот сега е во брак со пејачката, по ланските речиси „истовремени“ запросувања, а потоа одржале интимна (и тајна) венчална церемонија во Лондон. На церемонијата присуствувале само наблиски членови на семејствата и неколку пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taika Waititi (@taikawaititi)

Режисер ама и глумец

Таика, по потекло е од Нов Зеланд, а ја започнал својата кариера кон крајот на 1990-тите и продолжил да се развива и да глуми во различни филмови, телевизиски серии и кратки филмови.

Некои од неговите најпопуларни филмови во кои се потпишува како режисер се „Boy“, „Thor: Ragnarok“ и „Thor: Love and Thunder“.

Добитник на престижни награди

Како актер пак, тој најчесто глуми во своите филмови, но и во филмови на други режисери како „Suicide Squad“ и „Free Boy“.

Таика има освоено бројни вредни награди како Оскар, наградата БАФТА, па дури и награда Греми за филмски саундтрак. Исто така е номиниран за многу други награди во текот на годините, вклучувајќи ги и Primetime Emmy Awards.

Интаграм

Имал претходен брак, татко е на две деца

Таика беше во брак со филмската продуцентка Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година и заедно имаат две ќерки. Понекогаш постира објави од децата на својот Инстаграм профил. Тие пак, имаат многу необични имиња Te Хинехаку (10) и Maтева Киритапу (6 години).

На својот Инстаграм профил Таика има над 3 милиони следбеници, а често споделува фотографии со својата сакана, сега сопруга, Рита.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taika Waititi (@taikawaititi)

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....