13.8 C
Скопје
14:18 - 22 ноември, 2024

Кој беше папата Бенедикт Шеснаесетти: „Колку само нечистотија има во Црквата…никој не е среќен кога ќе го изберат“

Беше првиот папа во историјата кој комуницираше со светот преку социјална мрежа и првиот што поднесе оставка од папскиот престол по речиси 600 години. Беше 265-ти папа на Католичката црква и седми папа од германска националност. Иноватор во теологијата, важеше за еден од најславните интелектуалци на минатиот век.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Benedictus XVI (@benedictus_xvi)

Јозеф Рацингер, папата Бенедикт Шеснаесетти, почина на последниот ден од годината, 31 декември 2022 година во 9.34 часот наутро. Роден е на 16 април 1927 година во Марктл на Ин, мало гратче во Баварија, пред 95 години. Почина во Ватикан, во манастирот Матер Еклезијае. Утрото на 2 јануари, ковчегот со телото на папата кој се откажа од папството, повторно помина низ вратата на базиликата „Свети Петар“ за да го поздрават верниците.

Зборувајќи за животот на папата Бенедикт Шеснаесетти, тешко е да не се започне веднаш од оставката – беше понтиф осум години, а потоа и почесен папа, првиот што поднесе оставка од папскиот престол по речиси 600 години. На 11 февруари 2013 година, за време на конзисторијата за канонизација на мачениците од Отранто, Рацингер се откажал од службата, објаснувајќи на латински: „Откако повеќепати ја испитав мојата совест пред Бога, дојдов до сигурно сознание дека моите сили, поради напредната возраст, повеќе не ми дозволуваат соодветно да ја извршувам папската служба“.

Веста го обиколи светот, свет кој не размислуваше за можноста понтифот да поднесе оставка. „Можеме да го наречеме револуционерен папа“, рече ватиканскиот експерт Фабио Маркезе Рагона, „бидејќи го направи овој избор со голема понизност, сфаќајќи дека повеќе нема сила да го продолжи понтификатот. Отсега ќе зборуваме полесно за оставка: Бенедикт Шеснаесетти отвори пат што можат да го преземат и неговите наследници“.

Тој официјално замина од должноста на 28 февруари 2013 година и оттогаш живееше во Ватикан, во манастирот Матер Еклезијае каде беше и неговиот личен секретар Георг Гансвајн и четири жени од здружението „Меморес Домини“ кои му помагаа на почесниот понтиф во последните години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Benedictus XVI (@benedictus_xvi)

Никој не е среќен кога ќе го изберат…

Биографите велат дека за него доаѓањето на папскиот престол било шок, многу поголем од откажувањето. Познати се неговите зборови „колку само нечистотија има во црквата…никој не е среќен кога ќе го изберат“.

Јозеф Рацингер беше избран за папа, 265-от на Католичката црква, на конклавата на 19 април 2005 година, на четвртото гласање од 115 електори, највисок број во историјата на папските избори, по смртта на Јован Павле Втори со кого тој долго време соработуваше како префект на влијателната Конгрегација за верска доктрина во Рим. Полскиот папа и германскиот кардинал беа сосема различни во карактерите: со активен и спортски дух Војтила го донесе своето сведоштво на секој дел од светот дури и кога неговото тело беше очигледно поткопано, додека научникот Рацингер веше вљубен во музиката, особено во синфониите на Моцарт за кои своевремено рече „Тие ја содржат целата трагедија на човековото постоење“. Беше само седум години помлад од папата Војтила.

Јозеф Рацингер, роден во семејство на комесар на жандармерија и готвачка, секогаш остана поврзан со својата сестра Марија и братот Георг, кој исто така стана свештеник. Младоста ја поминал во Траунштајн, во последните месеци од Втората светска војна бил ангажиран во противвоздушните помошни служби, и по службена должност бил член на Хитлеровата младина, без никогаш да биде нејзин поддржувач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Benedictus XVI (@benedictus_xvi)

Божји ротвајлер

Идниот Бенедикт Шеснаесетти, ракоположен за свештеник на 29 јуни 1951 година, беше научник и таков остана до крајот на својот живот. Специјализирал теологија со теза за Свети Августин, а бил квалификуван да предава во Фрајзинг, Бон, Минстер, Тибинген и Регенсбург. Учествувал на Вториот ватикански собор и во 1977 година бил назначен за надбискуп на Монако од папата Павле VI. На 27 јуни истата година станал кардинал. Неговото епископско мото беше „соработник на вистината“. Како архиепископ учествувал на конклавите за изборот, во 1978 година, на папата Луцијани, а потоа и на папата Војтила. Самиот Јован Павле II во 1981 година го назначил за префект на Конгрегацијата за верска доктрина, верата, тело на Светата столица кое е одговорно за надзор на исправноста на католичката доктрина. Бил продекан, а потоа и декан на кардиналите. Бројни се неговите публикации на теолошки теми. Поради страста со која ја чувал католичката доктрина, го добил прекарот „Божји ротвајлер“.

Како папа тој го поддржа обновувањето на литургиската традиција, дури и на латинската миса. Тој, исто така, беше првиот папа кој експлицитно им се извини на жртвите на злоставување од страна на свештениците и се сретна со нив неколку пати. Кога веќе беше почесен папа, и тој беше обвинет за неправилно управување во четири случаи на жртви на сексуална злоупотреба додека беше надбискуп. „Секој случај на сексуална злоупотреба е ужасен и не може да се поправи. Моето длабоко сочувство е за жртвите на сексуална злоупотреба и жалам за секој поединечен случај“, беа неговите зборови во видео обраќањето на германски и италијански јазик, кое го прочита неговиот личен секретар Георг Гансвајн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Benedictus XVI (@benedictus_xvi)

– Наскоро ќе се најдам пред конечниот судија на животот. Иако, кога ќе погледнам наназад на мојот долг живот, можеби имам голема причина за страв и немир, сепак сум радосен, бидејќи цврсто верувам дека Господ не е само праведен судија, туку и пријател и брат кој веќе страдаше поради моите недостатоци, така е и мој адвокат, мој Параклет. Во светлината на судниот час, благодатта да се биде христијанин ми станува сè појасна. Ми дава знаење, и навистина пријателство, со судијата на мојот живот и со тоа ми овозможува самоуверено да поминам низ мрачната врата на смртта. Во овој поглед, постојано се потсетувам на она што ни го кажува Јован на почетокот на Апокалипсата: тој го гледа Синот човечки во сета негова големина и паѓа пред неговите нозе како мртов. Сепак, Тој, ставајќи ја својата десна рака на него, вели: „Не плаши се! Тоа сум јас…“ – напиша тој.
Овие зборови се и сведоштво за неговата луцидност до последните неколку години. Неговиот секретар секогаш го опишуваше како чита и се моли, но физички стануваше сè послаб. Папата Франциск често го посетуваше, како и многу други. Петер Зевалд, германски новинар и официјален биограф на Рацингер, објави дека почесниот папа одлучил да биде погребан во гробницата на Ватиканските пештери.

Слични објави

(Видео) Куќната помошничка направила хаос кај Лепа Брена: Влетала на славата, паднала во транс и танцувала во влечки

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ го покажа своето „вистинско лице“: Пејачката објави слика без грам шминка!

Еспресо

(Фото) Џина Џиновиќ лудуваше на концерт на Јелена Карлеуша: Не ѝ е грижа што пејачката го понижи татко ѝ!

Еспресо

(Фото) Нема да ја препознаете: Беше проблематична тинејџерска ѕвезда, а сега е дама со префинет стил!

Еспресо

(Фото) Кај Брена гостите до зори го славеле Свети Архангел! Снаата Александра Пријовиќ ги кренала гостите на нозе

Еспресо

Хороскоп за 22 ноември: Овните ќе ги гризе љубомора, Скорпиите ќе бидат под притисок поради финансиите

Еспресо
Се вчитува....