2.8 C
Скопје
20:59 - 18 декември, 2024

(Фото) Ќе делат 100 милиони долари! Драгана Мирковиќ е најбогата пејачка, живее во замок, има возен парк вреден 3,5 милиони, а еве што друго поседува

Медиумите со години пишуваат за богатството на пејачката Драгана Мирковиќ, а нејзиниот имот е во центарот на вниманието на јавноста по веста дека се разведува од бизнисменот Тони Бијелиќ со кој беше 24 години во брак.

Драгана одлучи да стави точка на бракот со Тони, откако заедно поминаа 24 години и стекнаа огромен имот. Иако првично се пишуваше дека бракот ќе заврши спогодбено, во медиумите се појавија информации дека целата приказна сепак ќе го има својот епилог на суд. Како што дознава српски „Телеграф“, Драгана го тужела и наскоро ќе се сретнат на суд бидејќи е закажано првото рочиште.

Светски познатиот сајт „Celebrity Net Worth“ своевремено објави дека Драгана е најбогатата личност на српската естрада, а нејзиното богатство е околу 100 милиони долари.

Драгана со сопругот Тони и децата Мануела и Марко живеат во Виена каде имаат вила во која живеат со години.

Меѓутоа, пред неколку години парот купил величенствен замок вреден дури 50 милиони евра, каде пејачката останала со децата по разводот, додека нејзиниот, сè уште легален сопруг, се иселил од таму и заминал во Германија.

Замокот Ебенфурт во близина на Виена, е оаза на мирот за Драгана, тоа е историска градба од 12 век која се простира на 12.000 квадратни метри. Еден од најинтересните факти за замокот е тоа што некогаш бил дом на Марија Тереза, која кон крајот на 17 век често престојувала таму. Драгана и Тони заедно ја уредувале внатрешноста на замокот. Со изборот на мебел главно тој се занимавал, а најчесто го купувале во Италија.

Пејачката открила дека е особено горда на бањата која ја украсиле кристали „Сваровски“. Замокот поседува сала за бал, каде пејачката организира гламурозни семејни прослави, а се работи и на музејот во рамките на имотот, кој ќе биде отворен за посетители. Зборувајќи за својот луксузен имот, Драгана еднаш истакнала дека не знае колку соби има во нејзиниот нов дом, но познато е дека замокот има дури 235 прозорци.

„Не знам точно, но ги има многу. Тука се и огромните сали кои зафаќаат цело крило, а некои дури и две. На вториот кат, во делот на замокот каде што планираме да живееме, се наоѓа голема сала за бал. Сакаме дел од првиот кат да претвориме во музеј и да го отвориме за посетители и училишни екскурзии, но немаме намера да наплаќаме влез. Неопходна е и реставрација на сликата на таванот, за што е потребно време, а за тоа ќе бидат задолжени вистински уметници“, рекла своевремено Драгана.

Таа на својот инстаграм-профил често споделува детали од својот дом, па еднаш објави фотографија од својата „соба за трофеи“, која ги содржи нејзините омилени награди.

Мирковиќ е најголемиот љубител на скапи автомобили на сцената, а нејзиниот возен парк вреди баснословни 3,5 милиони евра. Во својата колекција на автомобили, таа и Тони ги имаат најлуксузните модели од марките ферари, ламборџини и ролс-ројс, а поседуваат и бентли. Имаат и неколку автомобили мајбах а интересно е тоа што се сопственици на фабрика за „мајбах купе“.

Пејачката често добивала нов автомобил од сопругот за роденден, па пред две години добила мерцедес.

Наследникот на Драгана, Марко Бијелиќ, ги изненади сите кога на своите следбеници им покажа дел од својата колекција во Австрија. Синот на Драгана се пофалил со џип мерцедес, ферари чија цена е над 200.000 евра и возило „КТН“ кое чини околу 100.000 евра.

Пејачката максимално го искористила својот приход од заедничките деловни потфати што ги правела со поранешниот сопруг Тони Бијелиќ. Пред речиси 20 години, брачната двојка основала дигитална и кабелска телевизија во Пожаревац, чие име се иницијалите на Драгана.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)


Но, не треба да заборавиме дека добро заработува и од пеење и дека на естрадата е веќе 35 години, а хонорарите за нејзините настапи изнесуваат неколку десетици илјади евра.

Бидејќи Тони Бијелиќ еднаш ѝ го префрлил целиот свој имот, Драгана поседува и луксузна вила во Виена, како и споменатиот замок во близина на Виена.

Слични објави

(Фото) Иван Јованов воодушеви со празнична фотосесија со својата ќерка Ниа

Еспресо

Бресквица конечно откри како го добила прекарот: За сѐ била виновна една личност

Еспресо

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо
Се вчитува....