13:27 - 3 април, 2026

Карлеуша потресена од страшните поплави: Пејачката одлучи да донира пари за луѓето во Босна и Херцеговина

Страшни поплави ги погодија јужните делови на Босна и Херцеговина во ноќта меѓу четвртокот и петокот. Оваа природна непогода однесе многу животи и предизвикаа големи материјални штети особено во градот Јабланица.

Јавноста е шокирана од катастрофата што ги снајде луѓето во Босна и Херцеговина, а една од познатите личности која проговори за целата ситуација е пејачката Јелена Карлеуша.

Имено, таа сподели фотографија од поплавите, на која се гледа дека речиси цели куќи се потопени и ја извести јавноста дека ќе помогне на луѓето кои се погодени од оваа ситуација.

– Длабоко сочувствувам со луѓето кои настрадаа во Босна и Херцеговина. Ќе донирам пари, а ја користам приликата да ги поканам сите заедно да им помогнеме на загрозените, бидејќи само заедно можеме да го ублажиме целиот овој ужас и несреќа – напиша таа.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....