12:36 - 31 јануари, 2026

Калиопи сè уште е во шок: Починатата жена не е од Македонија, мајка е на мој голем обожавател!

Калиопи се уште е во состојба на голем шок откако жена од публиката почина минатата сабота во белградската сала МТС, пред почетокот на нејзиниот концерт.

Пејачката вчера изјави дека тоа е најтажниот ден во нејзината кариера, а објасни дека одложувањето на концертот е морална обврска.

Иако пејачката на Инстаграм напиша дека повеќе нема да се огласува во оваа прилика, во емисијата „Премиера“ на Телевизија Пинк детално откри што се случило за време на кобната вечер.

– Концертот уште не е почнат… Имавме преполна сала и потоа се случи! Кога дознав од организаторите, веднаш се симнав долу да видам што се случува. Во тие моменти, во таа тишина, како сите да се молевме да се случи чудо. Но, тоа не се случи, за жал! Еден живот е повреден од сто концерти… Се договоривме дека мора да се одложи, а датумот за новиот концерт секако ќе биде објавен подоцна – рече Калиопи.

– Белградските медиуми првично објавија дека жена од Македонија загина трагично, но тоа не е точно – додаде Калиопи.

-Семејството доаѓа од Нови Сад… Тука била и нејзината ќерка. Ги сочекавме и сопругот и синот, кои дојдоа подоцна. Таа е мајка на мој голем обожавател! Тоа што е нјабитно, кога се симнав не знаев за кого се работи… Концертот секако ќе беше откажан без разлика дали ја познавам личноста или не. Таа како и сите на тој концерт седна на своето место и радосно го чекаше концертот. Многу ми е жал – Калиопи е неутешна.

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....