21:39 - 5 април, 2026

Јелена Томашевиќ проговори за наследничката: „Ќерка ми ми ги краде штиклите и облеката“

Пејачката Јелена Томашевиќ откри дека не ги следи трендовите и дека не сака да троши пари на прескапи работи, а потоа зборуваше за ќерка си Нина, која обожава да ги носи нејзините работи и накитот.

– Не ги следам слепо трендовите и сметам дека на секого не му одговара се, важно ми е да го надградувам стилот со текот на годините. Носам работи кои излегле од мода и мислам дека тоа е одраз на мојот сопствен стил – рече Јелена за српски Телеграф.

– Не сакам да трошам многу пари на прескапи работи, но не можам да кажам дека немам многу квалитетни работи, особено на нашите домашни дизајнери – истакна Јелена и додаде дека нејзината ќерка и „краде „работи.

– Сега е веќе голема, многу е висока, може да носи некои мои патики и штикли, а да не и бидат преголеми. Веќе ми вели: „Зачувај ми го ова за кога ќе пораснам, овој накит“, веќе ги резервира моите работи – се пошегува Јелена и откри дека Нина оди во музичко училиште, но дека се уште не сака јавно да се занимава со пеење.

-Таа оди во музичко училиште и добро и оди, се уште не сака да се занимава со пеење во јавност, ја поддржувам да покаже што знае бидејќи е навистина талентирана, но не ја форсирам -вели Јелена.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....