07:10 - 5 април, 2026

Јелена Розга веќе не живее сама: Дали синот на Тончи Хуљиќ е новиот потстанар?

Пејачката Јелена Розга раскажа дека повеќе не живее сама и дека во нејзиниот дом во Загреб се преселила нејзината внука.

Освен домот во родниот Сплит, пејачката Јелена Розга поседува и луксузен имот во Загреб, каде што повеќе не живее сама. Иако е среќно вљубена во Иван Хуљиќ, синот на Тончи Хуљиќ, тие двајца сè уште не се одлучиле за заеднички живот.

Како што откри Јелена за хрватските медиуми, наместо Иван, во нејзиниот дом се преселила ќерката на нејзината сестра Јулија.

„Јулија не сака да излегува, ниту да оди на концерти. Вели дека почнуваат доцна. Има две деца, а внуката, која има 24,5 години, живее со мене во Загреб. Прекрасна е, грижлива, емотивна… Единаесетгодишниот внук сака фудбал и сака еден ден да игра за Хајдук“, изјави Јелена.

Да потсетиме, Розга веќе некое време ужива во љубовта со помладиот Хуљиќ. Тие двајца ја обновија врската по една деценија. Разликата од 11 години меѓу нив воопшто не им претставува проблем.

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....