6.8 C
Скопје
07:24 - 31 март, 2026

Ги полуди Србите: Јелена Розга стана рекордерка на векот во Белград, го најави седмиот концерт во Сава центар

Хрватската пејачка Јелена Розга го најави својот седми концерт во декември во белградскиот Сава центар и со тоа го собор рекордот на векот на таа сала.

„Бројот 7 ме следи цел живот. Уште пред да го објавиме првиот Сава центар, сонував за 7. Среќни 7. Ви благодарам што сте крилја на моите соништа и што можам да го најавам последниот концерт од овој циклус во Сава центар. За секоја капка ваша љубов, враќам 7. Се гледаме и на 30.12.“, порача таа на социјалните мрежи.

Таа ги распродаде првите шест концерти. Јелена настапува во најголемата, Сината сала, која од годинава има зголемен капацитет.

„Таа сега има и зголемен капацитет за 10 отсто, односно за 400 седишта. Така, Сината сала има 4.050 седишта. Технолошки ја опремивме салата за да ги исполни светските стандарди на конгресната, културната и уметничката сцена“, соопштија претходно оваа година од Сава центар.

Јелена за шест концерти продаде 24.300 седишта, а ако го распродаде и седмиот, таа бројка ќе се искачи на 28.350. Таа веќе го собори рекордот на српската пејачка Марија Шерифовиќ, која на почетокот на годинава одржа шест концерти во таа сала.

Концертите ќе се одржат на 20, 21, 26, 27, 28, 29 и 30 декември. Во април 2023 година, таа настапи и во белградската Штарк Арена, а неодамна ја заврши својата турнеја „Минута на срцето мое“ во Сараево.

 

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....