8.8 C
Скопје
11:01 - 1 април, 2026

Јелена Розга: Не е точно дека сум бремена, сите ќе знаат кога ќе бидам

Јелена Розга ги демантираше гласините дека е бремена, кои веќе некое време кружат на социјалните мрежи.

„Па, не сум, погледнете ме. Не сум, не сум. Кога ќе бидам, сите ќе знаат“, изјави пејачката за „Ин Магазин“. Таа, исто така, претходно ги демантираше информациите дека се мажи, велејќи дека е среќна и заљубена, но дека сѐ уште не планира свадба.

За потсетување, веќе некое време се шпекулира дека 47-годишната Јелена и 37-годишниот Иван Хуљиќ, син на Вјекослава и Тончи Хуљиќ се заедно. Тие сѐ уште не ги потврдија гласините. Курир на почетокот на годината објави фотографии направени во летото 2024 година, на кои се гледаат Јелена Розга и Иван Хуљиќ како шетаат низ Будимпешта фатени за рака.

Иван Хуљиќ и Јелена Розга во 2008 година / Фото: Фејсбук/Јелена Розга

Јелена и Иван биле видени заедно и претходно. На почетокот на минатата година некој ги снимал во продавница. Фотографиите до далматинскиот портал ги испратил читател, кој изјавил дека Јелена и Иван, кој е 10 години помлад, му изгледаат „опуштено и весело“.

Тончи неодамна проговори за нивната врска. “Тоа ме прашаа за Хана и Петар. Ако е врска, а не пријателство, јас го поддржувам. Сè што ги прави среќни моите деца мора да ме прави среќен и мене”, одговори тој за Стори.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....