7.8 C
Скопје
18:51 - 1 април, 2026

Јелена Карлеуша за Десингерица: Би го шамарала на сцена

Српскиот изведувач Десингерица со недели е еден од најслушаните во регионот, а големо внимание во јавноста привлече со своите необични изведби каде ги удира луѓето во публиката со патики по глава. Него го забележа и Јелена Карлеуша, која откри што мисли за него и неговото однесување на сцената.

– Дефинитивно се наметна штом го забележав и штом имаше толку многу луѓе на настапот. Дефинитивно не е глуп и неталентиран. Само е прашање колку ќе трае. Сега треба да го најде следниот чекор, тоа е мојот совет до него. Има фантастична енергија, одличен израз. Тоа е нешто што го барам кај уметникот, да има вулканска енергија. Не сакам лигави и млаки луѓе, не сакам луѓе кои нема да предизвикаат ништо, па ни гнев кај мене – изјавила Карлеуша во поткастот „Зошто толку сериозно!?“ (Why so serious!?).

Јелена вели дека Десингерица има енергија која ѝ одговара и поради тоа можеби ќе соработува со него.

– Тоа момче е единственото со енергија што евентуално може да се совпадне со мојата. Јас би го шамарала на сцената и тоа нему ќе му се допадне. Публиката би била во транс – изјавила пејачката.

Слични објави

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо
Се вчитува....