7.8 C
Скопје
23:38 - 31 март, 2026

Јелена Карлеуша „пука“ од самодоверба: „Бугарската музика е петпарачка, мојата е пред времето и светска“

Јелена Карлеуша по единаесет години го издаде својот 11-ти албум наречен „Алфа“.

Прегледите на Јутјуб почнаа да растат со голема брзина, а коментарите само продолжија да се нижат.

По молкот и големиот бум што го направи со објавувањето на комплетниот албум, Јелена конечно се огласи:

– Силно работи Karly Bitch! Еве по првпат да ви се обратам по објавувањето на новиот албум. Фала за рекордниот стрим, за рекордните прегледи, милиони коментари… Целиот концепт на албумот, по редослед на сите песни и ова видео, кое тешко дека некогаш ќе го следи некој на овие простори во однос на продукцијата и идејноста, е дизајниран да ги помести границите на домашната музика и правилата на шоу-бизнисот на Балканот. Тоа се очекуваше од мене. Верувам дека има многу на кои им треба време едноставно да ја разберат музиката која е пред своето време и која е светски тренд, но така отсекогаш било со мене и балканските задрти стеги и примитивизам. На Балканот, особено во Србија, во последниве години има шокантен пораст на треш и шунд во музиката, поплава од бугарски петпарачки с*ања, евтини аматери во фустани од три динари и музичка продукција од Таџикистан. Србија и Балканот мора да туркаат напред, а бугарскиот турбо треш да не биде нешто што некој го слуша, освен тајно во четирите ѕида од нивната соба. Музиката мора да оди напред, мора да бидеме во чекор со светската продукција, а зошто да не бидеме и подобри од светот, вели Јелена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....