20:22 - 4 април, 2026

Јелена Карлеуша поднесе кривична пријава против „Еко гард“: „Не планира никому да молчи!“

Пејачката Јелена Карлеуша наводно поднела кривична пријава против еколошка организација „Еко гард“, која покрена петиција за затворање на нејзиниот Инстаграм профил.

Пејачката реши да ја бара правдата на суд откако на социјалните мрежи беше брутално навредувана од група граѓани, наводно собрани за да ја заштитат животната средина.

– Со затворањето на Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, на пејачката пред сѐ ѝ се ускрати слободата на говорот. Како најследен профил и највлијателна жена на Балканот, таа беше закана за сите екстремистички групи, како онаа на која ѝ припаѓа „Еко гарда“. Таа со денови ја зборуваше вистината и ги критикуваше антисрпските протести, поради што беше покрената петиција за затворање на нејзиниот Инстаграм – вели извор за „Информер“ и додава:

– Поради оваа причина, Јелена реши да стапи во контакт со својот правен тим, да подготви тужба и да ја поднесе против организацијата и лажниот екологист Бојан Симишиќ, лидерот на движењето. Таа не планира никому да молчи, особено не на луѓе кои отворено напаѓаат мајка на две деца и истакната јавна личност. Секој има право на свое мислење, и мора да одговара за тоа што ѝ го направил – заклучува изворот.

Да потсетиме, на таа социјална мрежа најследен беше профилот на Инстаграм на Јелена Карлеуша со 2,5 милиони следбеници.

Пејачката има опција да направи нов профил, но според информациите во моментов не е заинтересирана за тоа. Дали Карлеуша ќе реши да „изгради“ нов профил или не, останува да видиме.

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо
Се вчитува....