06:44 - 7 април, 2026

Јелена Карлеуша ја понижи Северина: ,,Жал ми е за неа”

Концертот на Марко Перковиќ Томпсон неодамна привлече големо внимание, а јавноста го опиша како „најголем фашистички собир“, што предизвика жестоки реакции и осуда од српска страна.

Набргу потоа се појави видео во кое хрватската пејачка Северина Вучковиќ, со насмевка на лицето, пее песна од Томпсон со што јавно го подржа. Нејзиниот потег предизвика бура од реакции, а Јелена Карлеуша беше меѓу првите што се огласија.

На социјалната мрежа „Икс“, Карлеуша сподели објава во која безрезервно го осуди гестот на Северина:

– Тажна е… Треба да ни биде жал за неа – напиша пејачката, а потоа додаде:

– Тешко ѝ е со толку многу омраза кон Србија. Жал ми е за неа… Искрено – рече Јелена.

Во коментарите под нејзината објава, следбениците ја нападнаа Северина.

„Нека ѝ е жал на нејзината мајка што родила таков ѓубре“, „Ми се гади“, „Грозна е“, „Бидејќи не била во Србија, сигурно ја почувствувала по џебот, па сега се фаќа за сламка“ – се само некои од нив.

Потсетуваме дека Јелена Карлеуша се огласи претходниот ден во врска со откажувањето на нејзиниот настап во Сански Мост во Босна и Херцеговина. Како што изјави, откажувањето на настапот следело по нејзината објава во која зборувалајелена карлеушајеленајелена  за страдањата на Србите за време на војната во Босна и Херцеговина, изразувајќи сочувство до сите жртви, што предизвика бурни и поделени реакции во јавноста.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....