00:34 - 6 април, 2026

Ја замени Северина со многу помлада! Синот на Кеба ја најде среќата со 22-годишна девојка, тие веќе живеат заедно

Синот на Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ (37) ужива во љубовта со 15 години помлада девојка од Загреб, пренесуваат српските медиуми.

Како што дознаваат медиумите, двајцата се во врска неколку месеци, но дека се трудат да си ја заштитат приватноста, па затоа не објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Сепак, познато е дека се запознале благодарение на заеднички пријател и дека живеат заедно во Белград. Игор ја запознал со своите родители.

„Игор ја запозна Ана во Загреб, каде што, со оглед на тоа што таму живее долги години, често оди поради многубројните пријатели. Нив ги запознал познаник, а Којиќ веднаш го привлекол атрактивниот изглед на Ана. Таа е помлада од него, што му дојде добро по по бурниот и медиумски следен брак со Северина“, изјавила извор за „Информер“.

Таткото на Игор, познатиот српски пејач Драган Којиќ Кеба ја потврди неговата врска кога се сретна со фоторепортерите на српските медиуми.

Потсетуваме, Игор по разводот со Северина се забавуваше со српската актерка Теодора Бјелица. Сепак, нивната врска не траеше долго. По неколку месеци се разделија.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....