12:57 - 5 декември, 2025

Италија „изгор“ скапа ова лето: еден ден на плажа чини во просек 144 евра по семејство

Цените на чадорите за сончање и лежалките годинава се неверојатно скапи, а еден ден на плажа ќе чини во просек 144 евра по семејство, – пишуваат италијанските медиуми по информацијата од Здружението на потрошувачи. Станува збор за рекордни просечни зголемувања од + 20% во споредба со минатата година, што го потврдија менаџерите од различни области на Италија кои зборуваа за зголемувања генерирани од повисоките трошоци. 

Откако (барем за сега) помина пандемијата, во годината на војна и поскапувањата – ичекувано, но не до толку – ќе биде поскапо да се обезбеди место под сонце на една од многуте италијански плажи, каде што поскапувањата се речиси 32% повеќе во просек отколку во летото минатата година.

Консумеризам, според кој едно семејство ќе потроши просечно 144 евра за еден ден на плажа во однос на 109 евра пред една година. Чадорите и лежалките – пишува здружението на потрошувачи – „евидентираа просечни зголемувања од + 20% во однос на минатата година, што го потврдија менаџери од различни области на Италија кои зборуваа за зголемувања генерирани од повисоките трошоци што ги снајдоа со инфлацијата“.

Конкретно, за изнајмување чадор и две лежалки за време на викенд, во просечен објект/плажа ќе чини меѓу 20 и 30 евра дневно, сума што се искачува и до 150 евра во луксзуните летувалишта/плажи. За месечната пропусница, цените се движат од 600 до 900 евра, додека за сезонската пропусница цената варира помеѓу 1.500 и 3.000 евра, во зависност од областа на Италија и квалитетот на капацитетите.

Дури и да пиете или да јадете нешто, од топли јадења до сладолед, во баровите на плажа ќе чини сота повеќе. Во овој случај, според здружението, зголемувањата ќе бидат во просек 10% во споредба со 2021 година.

Според извештајот составен со податоци од јавни извори, се посочува дека четиричлено семејство ќе потроши и две евра повеќе за капучино- појадок на база и кроасан, две евра повеќе на гориво, две евра повеќе за паркинг, 5 евра повеќе за лежалки и чадор, 5 евра повеќе по лице за ручек.

Слични објави

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо
Се вчитува....